РК Бутел Скопје — ракометен клуб од Скопје, Македонија. Клубот се натпреварува во македонската супер лига.
Историја Бутел Скопје бил основан во август 2017 година. Во својата деби сезона, тие ја освоиле Првата лига.
Во сезоната 2018/19, Бутел Скопје завршил на четвртото место во плеј-оф разигрувањето и за прв пат обезбедил учество во европските натпреварувања, и тоа во ЕХФ Купот. Во својот прв настап, во второто коло од ЕХФ Купот 2019/20, Бутел Скопје загубил во двомеч од украинскиот ЗТР Запорожје, и покрај тоа што забележал победа од 18-14 на домашен терен.Бутел Скопје со деби победа, го совлада ЗТР Запорожје во Купот на ЕХФ 24rakomet.mk; 5 октомври 2019
Моментален состав Состав за сезоната 2025–26
Голмани 12 Атанасиј Трсунов 16 Александар Стојаноски 66 Благојче Трајкоски 68 Дарио Василевски Леви крила 3 Дамјан Субашевски 26 Марко Каевски Десни крила 17 Бојан Спасовски 69 Стефан Зенговски Пивоти 15 Матеј Новаковски 42 Дејан Михајловиќ
Леви бекови 7 Теодор Тодески 18 Тодор Узунчев 27 Петар Николоски 43 Рио Козакаи 71 Давит Гришикашвили Средни бекови 4 Лука Лангоски 8 Димитар Ѓеоргиевски (к) 11 Давид Јаневски 25 Леонид Киселовски 45 Архангел Трсунов Десни бекови 10 Филип Николов 14 Мартин Петровски 20 Димитар Узунчев
Стручен штаб Позиција Име Главен тренер Горан Кузманоски Помошник тренер Стефан Стојановски Физиотерапевт Ненад Добревски Физиотерапевт Мартина Тосева Кондиционен тренер Емануел Николоски
Успеси Прва македонска лига : Првак: 2017/18
Наводи
Надворешни врски РК Бутел Скопје на службеното мрежно место на Ракометната Федерација на Македонија РК Бутел Скопје на службеното мрежно место на Европската Ракометна Федерација
Бутел Скопје