Свети Ѓорѓи – главна селска црква во битолското село Цапари, Македонија.
Во близина на црквата „Св. Ѓорѓи“ се наоѓа малата еднокорабна црква црква „Св. Атанасиј“ и импресивниот манастирски комплекс Св. Петка.
Местоположба
Црквата се наоѓа во долниот дел од селото Цапари, сместена на еден од влезовите во селото. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта и до нејзе води асфалтен пат од селото.
Во дворот на црквата видливи се голем број на гробови на војници од бугарската војска, кои загинале во близина на село Цапари за време на Првата светска војна. Во близина на црквата се наоѓаат и бугарските воени гробишта од овој период.
Историја
Црквата е изградена во 1888 година. На нејзино место претходно постоела постара црква, за што сведочи богатата збирка на икони датирани од XVIII и XIX век.
Црквата била осветена на 26 јули 1891 година.
Архитектура
Во архитектонски поглед, црквата е трикорабна со затворени припрати (тремови) на запад и југ. Истата е во добра состојба и е променет нејзиниот покрив.
Фрескоживопис
Храмот е живописан во 1890 година од дебарскиот мајстор Јосиф Мажовски.
На влезот во црквата од јужната страна е претставена композицијата „Св. Ѓорѓи ја убива ламјата“, а лево и десно се претставени архангелите Михаил и Гаврил.
Живописот се наоѓа во катастрофална состојба, му се заканува понатамошно деградирање и потребно е итно преземање на конзерваторко реставраторски зафат.
Икони и иконостас
Во црквата има бројни икони од XVIII и XIX век.
Галерија
Поврзано Ресенско архијерејско намесништво Прва ресенска парохија Цапари
Наводи
Надворешни врски
Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија
Цапари Категорија:Дела на Дебарската школа