Света Петка или Света Параскева – главна манастирска црква на Цапарскиот манастир во битолското село Цапари, Македонија.

Црквата е прогласена за културно наследство на Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа над селото и до нејзе води асфалтен пат од селото.

Историја

Се смета дека манастирот бил изграден во шеснаесеттиот век, во источните полиња на Пелистер, југозападно од Цапари. До почетокот на осумнаесеттиот век бил доста запуштен, а во 1724 година го обновил отец Дионисиј. Денешната манастирска црква датира од 1849 година. Во 1995 година, црквата настрадала од пожар што го запалил иконостасот, иконите и најголемиот дел од инвентарот. Набргу потоа, таа била обновена со помош на локалните христијани.

Архитектура

Во архитектонски поглед, црквата е трокорабна псевдобазилика со впишан крст. На запад, има нартекс одделен од наосот со денивелација на подот и ѕидарски парапет во линија на последните два западни столба. Поседува две припрати на запад и југ.

Градбата на црквата е во добра состојба и има само минимални оштетувања на малтерот и плафонот, како и пукнатини на источниот ѕид. Покривот на црквата е нов и сега е покриена со ќерамиди.

Фрескоживопис

Во црквата постои живопис од средината на век.

Како последица на опожарувањето, фреските се оштетени и депигментирани. Извршена е конзервација и санација од страна на Заводот и музеј од Битола. Во централниот дел на наосот насликан е Исус Пантократор од Златко Александриски, со многу лош квалитет и ја нарушува естетиката, амбиентот и културно-историската вредност на објектот.

Туризам

Националниот парк Пелистер пристапи кон обележување и уредување на пешачка патека која на сите вљубеници во природата и почитувачи на културното наследство ќе им овозможи обиколка на црквите и манастирите во потпелистерските села. Првиот дел од патеката започнува од селото Трново и води преку селата Магарево и Ротино до селото Цапари, додека нејзиниот втор дел минува крај црквите и манастирите во селото Маловиште.Цркви и манастири во Националниот парк Пелистер на семрежното место на Молика

Галерија

Поврзано Ресенско архијерејско намесништво Прва ресенска парохија Цапари

Наводи

Надворешни врски

Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија Манастир Света Петка - Цапари на Youtube Конаците на Света Петка во село Цапари на Youtube Цркви Св. Мч. Петка, света вода во с. Цапари на Youtube

Цапари Категорија:Цапарски манастир