Гај Мариј роден во 157 година п.н.е. бил римски генерал и државник. Победник на цимбриските и југуртинските војни, тој ја добил титулата на конзул седум пати во текот на неговата кариера. Бил доста значаен и за неговите важни реформи на римските војски. Бил во центарот на парадигматска смена од милициите во средната Република до професионалното вооружување на доцната Република; тој, исто така, го подобрил пилумот, дизајнирана да се искриви по удар, како и големи промени во логистичката структура на римската војска.
За неговата победа над инвазијата на германските племиња во цимбриската војна, тој бил прогласен за „трет основач на Рим“. Неговиот живот и кариера била многу значајна во трансформацијата на Рим од Република до Империја. Во рамките на политичкиот живот, тој помогнал во водењето на групата Популари против групата Оптимати на Лусиј Корнелиј Сула. Нивното соперништво достигнало врв во 88-87 п.н.е. за време на првата граѓанска војна на Сула. Една година подоцна, Мариј починал од природна смрт.
Белешки
Наводи
Надворешни врски
Животот на Мариј од Плутарх Римската армија по реформите на Мариј - Вовед.
Категорија:Римски републикански конзули Категорија:Починати во 86 година п.н.е. Категорија:Родени во 157 година п.н.е. Категорија:Несигурна година на раѓање Категорија:Римски војсководци