Се случи утре (англиски: It happened tomorrow) е американски филм од 1944 година, во режија на Рене Клер кој е и автор на сценариото, заедно со Дадли Николс. Главните улоги ги толкуваат: Дик Пауел, Линда Дарнел, Џек Оуки, Џон Филибер и Едгар Кенеди. Филмот е направен во духот на „slapstick“ и се одликува со ведра и динамична приказна со врвна забава, но без упростување и кокетирање со просечноста. Напротив, филмот има цврста драмска структура, јасно насликани ликови и одлични дијалози при што Клер настојува постојано да ја исмее идејата за неуморното трчање по славата. Оттука, филмот бил многу добро примен како од публиката така и од критиката.HRT, Dogodilo se sutra, američki film (пристапено на 20.1.2020)
Содржина Раскошната прослава на 50-годишнината од бракот меѓу Лари (го игра Пауел) и Силвија Стивенс (ја игра Дарнел) зпаочнува со кавга заради желбата на Лари на семејството да му раскаже за деновите кога бил новинар почетник. Тогаш, тој сонувал да направи успешна кариера на новинар кој секогаш прв ќе ги дознава вестите. Без да помисли дека желбата набрзо ќе му се исполни, Лари се изненадува кога колегата Поп Бенсон (го игра Филибер) му дава весник со вестите кои ќе се случат дури по 24 часа...
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови на Рене Клер Категорија:Филмови од 1944 година Категорија:Филмови со Линда Дарнел Категорија:Филмови со Дик Пауел Категорија:Филмови со Џон Филибер Категорија:Филмови со Џек Оуки Категорија:Филмови со Едгар Кенеди Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во САД