Александар Ефремович Богомолов (1900 - 1969, Москва ) бил советски дипломат и амбасадор во неколку земји, вклучувајќи ги Франција и Италија.
Живот Во 1930-тите, Богомолов бил вонреден професор, раководител на катедрата за дијалектички и историски материјализам на Московскиот државен универзитет.
Од септември 1941 до 30 ноември 1943 година бил амбасадор во сојузничките влади во егзил. Од 1944 до 1950 година бил амбасадор во Франција . Од 1952 до 1954 година, тој бил амбасадор на СССР во Чехословачка, а во 1957 година бил поставен за амбасадор во Италија.
Богомолов бил член на делегациите на меѓународните конференции во Техеран, Јалта, и Потсдам . Тој исто така бил член на комитетот за подготвка на нацрт Универзална декларација за човековите права .
Наводи
Категорија:Советски дипломати Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Родени во 1900 година Категорија:Починати во 1969 година Категорија:Погребани на Новодевичките гробишта Категорија:Починати во Москва Категорија:Носители на Орденот на Татковинската војна од I степен