Тамара Котевска (родена на година во ) — македонска режисерка, најпозната по својот документарен филм „Медена земја“ од 2019 година.

Животопис

Котевска е родена во Прилеп. Таа добила стипендија за едногодишен престој во 3-та година од средното образование во Тенеси, Соединетите Држави. Таа дипломирала на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со нагласок во документарниот филм.

Кариера

Заедно со Љубомир Стефанов, Котевска поминала три години снимајќи го документарниот филм за дивиот женски пчелар Хатиџе. Филмот првично требало да биде краток документарен филм за областа на реката Брегалница, кога наишле на еден пчелар. Котевска и Стефанов претходно работеле заедно на друг документарен филм, „Езеро од јаболка“ (2017) . Медена земја освоил три награди на филмскиот фестивал „Санденс“ во 2019 година и добил две номинации на 92-то издание на Оскар: Најдобар документарен филм и Најдобар странски филм. Тоа е втор македонски филм што добил номинација за Оскар по „Пред дождот“ (1994).

Трет долгометражен документарен филм на Котеска, филмот „Приказната за Силјан“ ја добил „Наградата на Музата“ на Венецијанскиот филмски фестивал во 2025 година.[https://mrt.com.mk/node/132590 Филм „Силјан“ на Тамара Котевска со престижна награда во Венеција] Филмот бил дел од службената секција „Надвор од конкуренција“, и во конкуренција од 20 дела бил прогласен за највдахнувачки филм на фестивалот. Филмот бил вдахнат од македонскиот фолклор и ја следи приказната за земјоделец кој пронаоѓа повреден бел штрк.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски документарни кинематографи Категорија:Македонски филмски режисери Категорија:Македонски продуценти Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје