Гостирашки манастир — манастир во средишниот дел на Македонија, на западните падини на планината Бабуна, во близина на селото Гостиражни.
Градби Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конак и чешма, а неколку објекти се во изградба.
Црква „Света Петка“
Црквата има правоаголна основа со цилиндрична лимена купола и полукружна апсида на источната страна. Внатрешноста на црквата е живописана, а иконостасот е богат со икони во различна големина.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Гостиражни Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Преспанско-пелагониската епархија