Света Петка – манастирска црква на Гостирашкиот манастир.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со цилиндричка лимена купола и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна, а над него има полукружна ниша со вметната икона на којашто е прикажана Света Петка. Црквата има и спореден влез кој се наоѓа на јужната страна и води до олтарскиот простор. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата е живописана, а иконостасот е богат со икони во различна големина.

Камбанаријата на црквата се наоѓа непосредно од левата страна на влезната порта од дворот на манастирот. Таа има квадратна основа и се состои од два дела. Долниот дел е изграден од тули, додека горниот дел е отворен од сите четири страни.

Галерија

Поврзано Гостирашки манастир Црква „Св. Атанасиј“ - Гостиражни Гостиражни Преспанско-пелагониска епархија Прилепско архијерејско намесништво Долненско-секиречка парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Гостирашки манастир Категорија:Гостиражни Гостиражни