Свети Теодор Тирон – главна селска црква во селото Дреновци. Сместена е во средишниот дел на селото, во непосредна близина на основното училиште.

Историја Црквата била изградена во 1857 година, а била зографисана во 1883 година.„Црква „Свети Теодор Тирон“, село Дреновци“. OldPrilep. 27 мај 2013.

Архитектура Градбата на црквата е трикорабна, со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна којашто е украсена со осум слепи ниши. Храмот има влез на јужната страна над кој има ниша со фреска во лоша состојба. Кон западната страна е доградена припрата до која води влезна врата на источната страна. Објектот е изграден од варовник и е варосан, а покриен е со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата е живописана, а автори на фресокиписот се зографите Коста, Вангел и Никола Анастасови од Крушево.

Дворот на црквата е ограден со бетонска ограда и во него се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата е со квадратна основа и се состои од два дела. Долниот дел е изграден од камен, а горниот од тули. На секоја страна во горниот дел има по една монофора. Влезот на камбанаријата се наоѓа на западната страна.

Галерија Црква

Објекти во дворот

Поврзано Дреновечки манастир Црква „Св. Атанасиј“ - Дреновци Дреновци Преспанско-пелагониска епархија Прилепско архијерејско намесништво Долненско-секиречка парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Дреновци Дреновци