Свети Никола – главна селска црква во селото Бело Поле. Сместена е во крајниот јужен дел од селото, на височина којашто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.

Историја Црквата била изградена во 1874 година од страна на крушевски мајстори, а била живописана во 1914 година.„Црква „Свети Никола“, село Бело Поле “. OldPrilep. 20 септември 2012.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа. Кон западната страна е доградена припрата којашто е пониска од висината на храмот. Во црквата се влегува преку припатата која има два влеза — едниот на северната и другиот на западната страна. Објектот на црквата во целост е варосан и е покриен со кров од ќерамиди, додека од јужниот ѕид на припратата се забележува дека била изградена од камен. Материјалот за изградба на црквата е познато дека бил носен од месноста Тумба.

Во дворот на црквата се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата е со квадратна основа, нејзиниот влез се наоѓа на источната страна, а во горниот дел има по еден отвор на секоја страна. Градена е од тули и во целост е материсана и варосана од надворешната страна.

Галерија

Поврзано Белополски манастир Црква „Св. Јован Крстител“ - Бело Поле Бело Поле Преспанско-пелагониска епархија Прилепско архијерејско намесништво Ропотовска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Бело Поле Бело Поле