Свето Преображение или Германова црква — главна манастирска црква на Зрзескиот манастир.
Историја Црквата била изградена во XIV век. Во 1369 година, кон западната страна на црквата била доградена припрата. Истата година, синовите на Хајко — Прибил и Приезд — со својата мајка дозволиле црквата да биде зографисана, а на западната страна над влезот од внатрешната страна е испишан текст од 1400 година на којшто се споменуваат имињата на таткото, синовите и годината на живописување на припратата. Со запуштањето на манастирот по смртта на кметот Константин и неговите синови на почетокот од XIV век, храмот претрпел сериозни оштетувања при коишто биле уранти сводовите, по што бил обновен во 1535 година, кога бил изработен и нов живопис. Во текот на XVII век, кон западниот дел, како и кон придодадените северен и јужен додаток на црквата бил дограден отворен трем на дрвени столбови. Тремот во целост бил соѕидан во XIX век, а при истата доградба била подигната и камбанаријата.
Архитектура Градбата на црквата претставува е засводена и еднокорабна со полукружен свод и полукружна внатрешна апсида. Црквата има два влеза на западната и спореден влез на источната страна над кој има ниша со фреска во лоша состојба. Кон западната страна е доградена припрата и отворен трем на дрвени столбови. Пред изградбата на припратата, црквата има влез на јужната и на западната страна, а истиот бил соѕидан.„Манастир „Свето Преображение”, Зрзе — фрескоживопис “. OldPrilep. 7 декември 2011.
Икони Црквата изобилува со ретки икони. Особено се издвојуваат иконата „Исус Христос“ изработена во 1393 година од зографот митрополит Јован, како и „Богородица Пелагонитиса“ изработена во 1422 година од зографот јеромонах Макариј, која се смета за едно од највпечатливите дела на средновековието. Двете икони се изработени во стилот на византиската традиција и со своите стилистички и иконографски одлики се исклучително вредни. Во црквата се наоѓа и иконата „Преобажение Христово“ изработена во 1867 година од крушевскиот мајстор Никола Михајлов, како и Зрзеското четвороевангелие.Николоски, Д. (2012). „Прилог кон делото на зографот Никола Михаилов“. Ниш и Византија XI: зборник радова. Симпозиум „Ниш и Византија XI“, Ниш, 3-5 јуни 2012. стр. 357.
Фрескоживопис Фрескоживописот во припратата содржи претстави на фигури во првата зона и неколку композиции во горните зони, како што се: Причестување на апостолите (на западниот ѕид), сцени од циклусот на Христовите страдања (на јужниот ѕид), Јосиф од Ариматеја го бара од Пилат телото Христово, Недремано око, Христос пред Пилат, Христос пред Кајафа, Ругањето Христово и Поставување крст на Голгота. Фреските во наосот биле насликани во периодот од 1535 до 1540 година од страна на зографот Онуфриј Аргитис. Во првата сезона се претставени Свети Теодор Тирон, Свети Теодор Стратилат и други, а горниот дел се состои од композиции, меѓу кои се издвојуваат оние кои прикажуваат сцени од животот на Исус Христос: Рождество Христово, Сретение Христово и други. Во приказот на Света Троица некои истражувачи забележуваат сличности со карактеристичното претставување на оваа тематика во католичката иконографија во периодот од XV и XVI век.Δρακοπούλου, Ευγενία. Τέχνη και χορηγία στην Αρχιεπισκοπή Αχρίδας μετά την οθωμανική κατάκτηση, Δασκαλα Αποδοση τιμησστην ομοτιμη καθηγητρια Μαιρη Παναγιωτιδη-Κεσισογλου, Αθήνα 2015, 148 Фресоживописот на западната фасада на западната фасада од храмот изработен во периодот од 1624-1625 година е дело на мајстори од Линотопската школа, а дело на истите мајстори се и лустерските икони во внатрешнста на храмот.
Галерија Црквата
Икони, фрески и записи
Поврзано Зрзески манастир Црква „Св. Петар и Павле“ - Зрзе Црква „Св. Никола“ - Зрзе Зрзе Преспанско-пелагониска епархија Прилепско архијерејско намесништво Долненско-секиречка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Зрзески манастир Категорија:Зрзе Зрзе Категорија:Дела на Линотопската школа