Скршена џамија () – муслимански храм од XVI-XVII век во Битола.
Местоположба Џамијата се наоѓала во јужниот дел на градот, во близина на чаршијата, на улицата која води кон Ленски мост.
Историја Според локална христијанска легенда, на местото на џамијата претходно постоела христијанска црква посветена на Свети Никола или на Свети Павле. Месните христијани го посетувале храмот и палеле свеќи на источната страна. Во 1974 година биле спроведени археолошки ископувања, кои не покажале постоење на претходна градба. Името Скршена се должи на скршеното минаре кое настрадало при бомбардирањата во Првата светска војна.
Градбата била срушена во 1974 година поради лошата состојба. На нејзино место биле изградени зградите Грозд.Некогашната скршена џамија во Битола на семрежното место на Бабам Битола
Архитектура Џамијата била мала со квадратен молитвен простор со основа 7,93 m. Била покриена со плитка купола над пандантиви со пречник од 6 m. Барабанoт бил поедноставен со користење на горните агли на пандантивите. Таа била стар и поедноставен вид на рана џамија. Ѕидаријата била клоазоне со наизменични редови камен и четири реда тули. Ѕидовите биле дебели 1 m. Горните делови на градбата биле од кршен камен, покриена со ќерамиди. Основата на минарето била од камен и тули, додека телото и шерефето биле исцело од тула. На север имало трем со димензии 3,72 x 7,93 m со цилиндричен свод.
Оваа џамија му припаѓала на провинцијалниот архитектонски конзервативен стил од крајот на шеснаесетти век и почетокот на седумнаесетти век.
Наводи
Категорија:Џамии во Битола Категорија:Отомански џамии во Македонија Категорија:Поранешни џамии во Битола