Голема еребија (Erebia ligea) е пеперутка, дел од семејството на пеперуги Шаренци. Пеперутката е распространета во југоисточна Европа, вклучително и во Македонија, но и во северна Европа. Пеперутката препочита влажни и ниски предели. Ретко се гледа на отворени предели. За првпат била опишана во 1758 година.

Опис Еребијата е пеперутка со средна големина со распон на крилјата помеѓу 30 и 46 мм. Женките имаат тенденција да бидат малку поголеми од машките. Горната страна на пеперугата е темнокафеава со потокалови точки. Долната страна е темнокафеава со црвеникава лента со црни, белоцентрични отвори за очи во близина на надворешниот раб.

Живеалиште Големата еребија се наоѓа во северна и југоисточна Европа. Обично лета од јули до авгист, во крајшумски предели.

Животен циклус Женките ги полагаат нивните јајца на листови од трева. Во Финска на пример, ларвите хибернираат две години како гасеници.

Наводи

Категорија:Шаренци Категорија:Инсекти на Македонија Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј