Бенкичавото вилинско коњче (Libellula quadrimaculata) е вид на вилинско коњче од редот на виситински вилински коњчиња. Бенкичавото вилинско коњче може да се најде во скоро цела Европа, вклучително и во Македонија, Азија и Северна Америка. Во Македонија се наоѓа околу неистечни води.

Опис Името на вилинското коњче потекнува од точките (бенки) кои се наоѓаат на крилјата. Возрасните вилински коњчиња можат да се најдат од април до септември, но сепак тоа зависи од држава до држава. Ларвите имаат двегодишен развоен циклус. Возрасните вилински коњчиња претежно се хранат со комарци и мали муви.http://www.shgresources.com/ak/symbols/insect/ Retrieved 16 Feb. 2010 Ларвите се хранат со останати мали водни инсекти и ларви.

Живеалиште Ова вилинско коњче претежно живее околу бари и помирни реки. Најчести се во јуни и јули.

Поведение Мажјакот се смета дека е многу агресивен и ја брани дадената територија од упади од други мажјаци од видот. Мажјаците имаат поволен поглед кон небото за време на чнувењето. Тие се одлични летачи, па така парењето се одвива во лет. Јајцата се полагаат на вегетација.

Грабливци Главен грабливец на бенкичавото вилинско коњче е вилинското коњче император. Друг грабливец на ова вилинско коњче е зелената тигреста бубачка.

Галерија

Наводи

Надворепни врски Бенкичаво вилинско коњче Американски податоци за распространетост Бенкичаво вилинско коњче, BDS Мапирање и таксономија на европската фауна

Категорија:Вилински коњчиња Категорија:Инсекти на Македонија Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј