Мелничка Река () — река во Светиврачко и Петричко, Пиринска Македонија, лева притока на реката Струма. Долга е 30 км. Одвовнува делови од југозападните падини на Пирин.
Реката се образува со слевањето нејзините составници Сугаревска Река (лева) и Доленска Река (десна), 600 м северно од градот Мелник. Како нејзин почеток се зема Доленска Река, која извира под името Зајачка Река на 2.409 м.н.в., околу 300 м југозападно од врвот Кељо (Голи Врв, 2.484 м) на Северен Пирин. Целото течение се протега во правец југ-југозапад; на почетокот има длабока и добро пошумена листопадна долина, а по селото Долени невлегува во соголена и силно изронета долина од песочно-глинест материјал. Тука Мелничка Река и нејзината левна составница Сугаревска Река образуваат впечталиви земјени пирамиди. При посилни врнежи во долното реката брзо надоаѓа со опасни наноси, поради што во тој дел целото корито е оградено со заштитни насипи. Летно време, поради намалениот водостој, добар дел од водите се губат во силниот глинесто-песоклив материјал. По селото Ѕивгелија (Зорница) навлегува во Светиврачко-петричката Котлина; кај Кромидово свртува на запад, а по Ени Чифлик (Ново Кономлади) нагло свртува на југ со вештачки направен свијок. Се влева во Струма како нејзина лева притока, на 85 м.н.в., на далечина од 1,8 км од селото Марикостиново.Енциклопедия Пирински край, том 1, Благоевград, 1995, стр. 563.
Сливот на реката зафаќа , што сочинува 0,56 % од целиот слив на Струма.
Главни притоки: → лева, ← десна → Сугаревска Река (најголема) → Роженски Дол ← Горносушичка Река
Реката е се напојува претежно од дожд и стопен снег. Најполноводна е во април-мај, а најслабоводна во август-септември. Средниот годишен истек во устието изнесува .
По течението на реката има 7 населени места, меѓу кои 1 град и 6 села: Општина Свети Врач (Сандански) — Долени, Мелник, Дере Мислим (Лозеница), Ѕивгелија (Зорница) Општина Петрич — Кромидово, Капатово, Ени Чифлик (Ново Кономлади)
Дел од водите на реката в долното течение, во Светиврачко-петричката Котлина се користат за наводнување.
Меѓу селото Лозеница и градот Мелник, на потег од 2,5 км минува делница од третокласниот пат бр. 109: Ново Делчево – Хотово – Мелник.
Поврзано Мелничко
Наводи
Карта Лист од карта K-34-95. Размер: 1 : 100 000
Категорија:Реки во Пиринска Македонија Категорија:Притоки на Струма Категорија:Пирин Категорија:Мелник Категорија:Општина Свети Врач Категорија:Општина Петрич