мини|десно|250п|<center> Детал од Грмечка корида мини|десно|250п|<center>Грмечка корида на поштанска марка од Југославија од 1987година

Грмечка корида е назив за традиционални борби на бикови, кај крајишките Срби, од Грмеч. Борбите традиционално се одржуваат секоја година во првата недела после Илинден на (2 август). Денес, оваа манифестација е во рамки наИлинденските свечености, а се организираат со помош на локалната заедница во Оштра Лука и Владата на Република Српска. Во 2015 година одржана е 243-та корида по ред.

Историја

Иако се смета дека оваа српска народна светковина е стара најмалку два века, се претпоставува дека Грмечка корида за првпат во печатена форма се споменува во расказот „Јаблан” од 1902 година од српскиот автор од овој крај, Петар Кочиќ, и тоа во време на австроунгарската окупација.

Србите од погрмечките села традиционалните борби на бикови до 1992 година ги одржувале на Меѓеѓе брдо (Меѓеѓе ридот) кај Саница, во денешна федерална општина Сански Мост. Во теком на војната коридата стишува, а погрмечките Срби ги напуштаат огњиштата и оваа манифестација ја продолжуваат во 1996 година на Поповиќ брдо, Општина Оштра Лука кое се наоѓа на територија на Република Српска.Радио телевизија Републике Српске: Грмечка корида код Оштре Луке, 7 август 2011.

Расказот „Јаблан” 1902:

Категории

Борбите на бикови се поделени во две категории, од 500 до 800 кг и оние преку 800 кг. Победникот најчесто освојува и парична награда.

Илинден и грмечки панаѓур Илинден е христијански празник кој се слави на 20 јулиа по јулијанскиот календар, односно 2.август по грегоријанскиот календар. Посветен е на светиот пророк Илија.

Собирањата на панаѓурите во традиционалната култура имале значајна функција на културна размена помеѓу жителите на блиските пределни целини. Грмечка корида и денес има значаен одзив во селските и градските заедници од крајишкото подрачје.

Поврзано Петар Кочиќ Бранко Ќопиќ Грмеч Оштра Лука Илинден Говедарство

Наводи

Извори Туристичка организација Репубилике Српске — Грмечка корида

Надворешни врски Туристичка организација Репубилике Српске Етнографски музеј у Београду Туристичка организација Репубилике Српске — Грмечка корида Петар Кочић: САБРАНА ДЈЕЛА I-IV

Категорија:Историја на Република Српска Категорија:Туризам во Република Српска Категорија:Манифестации во Република Српска Категорија:Култура во Република Српска Категорија:Српска култура