мини|десно|250п|Кабините на жичницата и панорама на Скопје во заднината. мини|десно|250px|Предната страна на возен билет за жичницата мини мини|Влезот на жичницата

Жичница „Милениумски крст“ — жичница со кабини на планината Водно во Скопје, чие главно и последно одредиште е Милениумскиот крст на Водно. Со неа стопанисува превозникот ЈСП Скопје.

Изградба Tендерот за изградба на жичарницата е распишан на 25 ноември 2009, со краен рок за пријава на проктанти и изведувачи на 11 февруари 2010 г. Утрински весник , Жичарницата до Милениумски крст ќе ја гради Владата, пристапено на 8 мај 2010 г. Проектот за жичарницата до Милениумскиот крст е изработен од Министерството за транспорт и врски и проектантската куќа ИНПУМА, а од него е наполно исклучена фондацијата „Милениумски крст“.

Жичарницата (т.е. првиот дел) е пуштена во употреба на 3 јуни 2011 г.Водно доби жичарница - build.mk

Станица Средно Водно Потегот од Средно Водно до Милениумскиот крст е прва фаза на проектот кој предвидува уште два дела: почетната станица да биде кај црквата Свети Јован во Капиштец, а втората станица ќе биде кај Детската болница. Трасата на овој дел е долга 1.750 метри и се искачува од 570 до 1.068 метри надморска височина. Жичарницата од австрискиот производител Doppelmayr располага со 28 кабини со носивост од 640 килограми и капацитет за осум лица, како и две елитни (VIP) кабини за по четири лица. Гондолите од надворешната страна се опремени со држачи за велосипеди.

Проектот за жичарницата до Милениумскиот крст е изработен од Министерството за транспорт и врски и проектантската куќа ИНПУМА. На 2 мај 2010, со поставување камен темелник на Средно Водно започнала изградбата на жицарницатаМИА, „Почна изградбата на Жичарницата кон Милениумскиот крст на Водно“, пристапено на 8 мај 2010 г. како проект со вредност од 6,7 милиони евра. Проектот се одвива во две фази и три дела, од кој првата е веќе изградената „Средно Водно - Милениумски крст“. Вкупната должина на жичарницата ќе изнесува 3.450 метри.

Околу жичарницата има дрвени куќички кои нудат освежителни пијалаци и сувенири. За безбедноста се грижи Црвениот крст на Македонија.

Автобуски превоз ЈСП Скопје има посебна автобуска линија која обезбедува јавен превоз до жичницата. Линијата поаѓа од Транспортиот центар, па минува низ Комплексот банки, Југодрво, Градската болница, плоштадот Македонија, Рекорд, Клиничкиот центар, Панорама, до Средно Водно и обратно.Возен ред на ЈСП Скопје - Жичница „Милениумски крст“.

Надворешни врски Официјална страница на жичницата „Милениумски крст“ - ЈСП Скопје Автобуска линија на жичницата - возен ред и траса

Наводи

Милениумски крст Категорија:Знаменитости во Скопје Категорија:Сообраќајот во Скопје Категорија:ЈСП Скопје Категорија:Појавено во 2011 година во Македонија Категорија:Водно