Бошњачка Чешма — некропола од доцноантичкото време во атарот на селото Кучевиште. Во 1989 година, при копањето на канал за водоводна инсталација, на улица „Призренска“ бр. 53, во куќен двор е откриен доцноантички гроб. Гробната конструкција е направена од обработени камени блокови, помал фрагмент од саркофаг, една цела и една фрагментирана надгробна плоча со латински натписи. Стелите и гробните наоди се чуваат во Музејот на Град Скопје.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Град — градиште од доцноантичко време; Градиште — утврдена населба од доцноантичко време; Кучевиште — осамени наоди од римско време; и Радишко — некропола од римско време.

Наводи

Категорија:Кучевиште