Јохан Кристијан Фабрициј ( - ) бил дански зоолог, специјализиран за инсекти, за кои во тоа време ги сметале сите членконоги: инсекти, клештари, ракови и други. Бил студент на Карл Линеј и се смета за еден од најважните ентомолози од 18 век, кој именувал скоро 10,000 видови на животни и ја поставува основата за современото класифицирање на инсекти. Животопис Јохан Кристијан Фабрициј e роден на 7 јануари 1745 во Тондер (Tønder) во Шлезвиг каде што татко му бил лекар. Гимназија учел во Алтона од каде што се запишал на Универзитетот во Копенхаген во 1762 година. Подоцна со татко му и својот роднина Јохан Зоега, кој бил ентомолог и ботаничар заминува да студира на Универзитетот во Упсала под менторство на Карл Линеј. После две години се враќа во Данска и ја започнува својата работа на (лат.)Systema entomologiæ која што е објавена во 1775 година. За сето ова време се издржувал со стипендија од татко му кој работел како консултант во првата данска болница основана од кралот Фредерик V. Фабрициј бил назначен за професор во Копенхаген во 1770 година, а во 1775 или 1776 Универзитетот од Кил го назначува за професор по природни науки и економија, ветувајќи дека ќе изградат Природнонаучен музеј и ботаничка градина. Трипати се обидел да го напушти професорското место во Кил при што во еден од обидите по апел на неговите студенти бил спречен од кралот и Војводата од Шлезвиг - Кристијан VII. Во Кил останал до крајот на својот живот.
За време на престојот во Кил, преку лето постојано патувал во Лондон за да ги проучува колекциите на британски колекционери, како Џозеф Бенкс и Дру Дјури. Кон крајот на кариерата, Фабрициј поминувал поголем дел од времето и во Париз каде што често се среќавал со Жорж Кивје и Пјер Андре Латреј. Бил доста заинтересиран и за настаните поврзани со Француската револуција. Кога слушнал за британскиот напад врз Копенхаген во 1807 година, Фабрициј се вратил во Кил, нарушувајќи го своето и онака веќе кревко здравје. Починал на 3 март 1808 година, на возраст од 63 години. Неговата ќерка починала во несреќа во Париз, но останале двата негови сина, кои подоцна студирале медицина. Еволуција Еволутивните идеи на Фабрициј не се добро познати. Верувал дека човекот потекнува од големите мајмуни и дека може да се формираат нови видови со хибридизација на постојните.Complete Dictionary of Scientific Biography. Vol. 4. Detroit: Charles Scribner's Sons, 2008. 512-513. Бил наречен и „Татко на Ламаркизмот“ заради неговата верба дека може да се формираат нови видови со морфолошка адаптација.Kragh, Helge; Nielsen, Henry. (2008). Science in Denmark: A Thousand-year History. Aarhus University Press. p. 210. "Some historians of science have pointed out so many similarities between Fabricius and Lamarck that they find it possible the Frenchman in Paris was inspired by the Dane, implying that the latter was, in reality, "the father of Lamarckism". Пишувал за влијанието на животната средина врз развојот на видовите и феноменот на селекција (женките претпочитаат најсилни мажјаци). Работа Фабрициј се смета за еден од најголемите ентомолози на XVIII век. Бил многу поголем набљудувач на инсектите од својот ментор-ботаничар Карл Линеј. Именувал 9776 видови на инсекти, наспроти списокот на Линеј која содржи околу 3000. Идентификувал многу видови од фамилијата Tenebrionidaeсоберени од Синај во Египет врз основа на колекциите на други ентомолози. Во системот за класификација додава две различни области. Почнува да ги разгледува и вештачките и природните одлики на инсектите. Вештачките одлики овозможуваат определување на видот, а природните овозможуваат определување на врска со други родови и видови. За разлика од класификацијата на инсектите на Линеј, која била заснована на бројот на крилата и нивната форма, Фабрициј ја користел формата на усните делови за да ги раздели видовите кои тој ги нарекол класи.
Се држел до тоа дека „оние чијашто исхрана и биологија се исти мора да припаѓаат на истиот род“. Системот за класификација кој го предложил останал истиот сè до денес, иако имињата не се исти. На пример неговото име за редот тврдокрилци е „Eleutherata“, наместо модерниот назив Coleoptera, за редот Hymenoptera го користел називот „Piezata“; сè уште се употребува терминот Glossata, но за помала група на пеперуги, а не за цел ред. Предвидел и дека машките гениталии може да обезбедат корисни одлики за систематика, но не можел самиот да го примени тоа.
Во 1775 година го поделил родот краткокрилци (Staphylinidae) воспоставувјќи го и родот „Paedarus“. Линеј го сметал овој род за единствен кој го нарекувал „Staphylinus“. Фабрициј опишал 77 видови на краткокрилци. [Fabricius: pp. 61–62]
Негови позначајни дела во систематската ентомологија се: (1775) (1776) (1781). Целосен наслов: (1787) (1792–1799) (1801) (1803) (1804) (1805) (1807)
Многу од овие дела може да се најдат во следните дигитални библиотеки: Biodiversity Heritage Library (24 дела) Google Books (24 дела) Gallica (12 дела) HathiTrust (1 делоSpecies insectorum: vol. 1, vol. 2)
Колекциите на Фабрициј се распоредени во Природонаучниот музеј Лондон, , Париз, Hope Department of Entomology, Оксфорд, the Hunterian Museum and Art Gallery, Глазгов, Zoological Museum во Кил и , Копенхаген.
Има напишано и неколку дела за економија, иако се помалку важни од неговата работа како ентомолог. Ги напишал: (1773), (1786–1790) и (1781).
Наводи
Надворешни врски Circumscriptional names AnimalBase Сеопфатна литература од Фабрициј и список на редови/таксони. ITIS Список на редови/таксони опишани од Фабрициј Работата на Јохан Христијан Фабрициј во Библиотеката за биоразновидносно наследство Encyclopedia of Life−EOL.org: Редови опишани од Фабрициј — Напишете Fabricius во полето за пребарување. Список на британската пеперуга 1858 — биографија на страна XVI.
Категорија:Дански зоолози Категорија:Дански ентомолози Категорија:Членови на Торинската академија на науките