Карел Антон Хошек (чешки: Karel Anton Hošek), или известен како Антон Чехот — чешки авантурист и македонски револуционер, тиквешки војвода на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација.

Животопис мини|220п|лево|Село Владиловци во областа Азот (Велешко)

Карел Антон Хошек или познат како Антон Чехот е роден 1871 година во Прага, која тогаш се наоѓала во рамките на Австроунгарија (денес Чешка).„Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, Държавен архив - Враца, ф. 617К, оп. 1, а.е. 1, л. 32, 43 Доаѓа во Македонија за да учествува во востание против Отоманското Царство. Се приклучува во редовите на ВМОРО и од есента 1905 година е четник при кривопаланечкиот војвода Петар Ангелов заедно со австриецот Рудолф Голијат, кој потекнува од Словењ Градец. Од април 1906 година е четник при тиквешкиот војвода Добри Даскалов, во чијшто реон по касно е назначен за самостоен војвода. Во февруари 1907 година четите на Карел Хошек и Добри Даскалов пружат отпор на чети на српската пропаганда во Македонија во Велешко.

На 24 февруари 1907 година заедно со прилепски чети опкружуваат српска чета од 80 души крај селото Владиловци во областа Азот. Во таа битка против српските чети загинува Антон Чехот заедно со двајца негови четници.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 178.

Наводи

Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Владиловци Категорија:Чеси Категорија:Луѓе од Прага Категорија:Македонски револуционери Категорија:Починати во 1907 година