Ентони Маршон Дејвис Џуниор (роден на 11 март 1993 година) е американски кошаркар, кој моментално настапува за Лос Анџелес Лејкерс во Националната кошаркарска асоцијација (НБА).

Игра на позициите крилен центар и центар. Дејвис бил избран како прв пик на НБА драфтот во 2012 година. Тој е седумкратен НБА Ол-стар учесник и избран по четири пати во Ол-НБА првиот тим Ол-НБА првиот одбранбен тим. Освоил и златен медал со репрезентацијата на САД на Летните олимписки игри во 2012 година.

Животопис Дејвис е син на Ентони Дејвис Сениор и неговата мајка Еринер. Тој има сестра близначка, Антоанета, и постара сестра, Аиша, која играла кошарка на колеџот Дејли.

Наводи

Надворешни врски

Биографија во Kentucky Wildcats Профил на Ентони Дејвис на ESPN.com Статии во Chicago Tribune

Категорија:Играчи на Њу Орлеанс Хорнетс Категорија:Играчи на Лос Анџелес Лејкерс Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1993 година