Свети Димитриј — гробјанска црква во скопското село Побожје.

Местоположба

Црквата се наоѓа во долниот дел на селото, а околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.

Историја

Историските податоци навестуваат дека црквата постоела од средниот век, но срушена во буица во 1944 година. Во близина на старата била подигната нова градба. Остатоците на старата црква можат да се забележат.

Галерија

Поврзано Побожје Скопска епархија Северноскопско архијерејско намесништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Побожје Побожје