Ритуксимаб е лек кој се користи во третманот на одредени автоимуни болести и одредени видови на рак. Се користи во третманот на не-Хоџкинов лимфом, хронична лимфоцитна леукемија, ревматоиден артритис, грануломатоза со полиангиитис, идиопатска тромбоцитопенична пурпура, пемфигус вулгарис, мијастенија гравис и Епштајн–Бар вирус-позитивни мукокутани чири. Се дава како бавна интравенска инјекција.

Ритуксимабот е химерно моноклонално антитело против белковината CD20, кој претежно се наоѓа на површината на B клетките. Кога ќе се поврзе за оваа белковина провоцира клеточна смрт.

Наводи

Категорија:Моноклонални антитела Категорија:Неопходни лекови според Светската здравствена организација