Куфер (руски: Чемодан) - роман на рускиот писател Сергеј Довлатов од 1986 година. Со него, Довлатов станал познат како во Русија така и во светот.

Содржина Романот се состои од предговор и осум раскази: Предговор: Во предговорот, авторот ја опишува својата преселба во САД каде отпатувал само со еден куфер. Неколку години подоцна, тој го отвора куферот и погледот на спакуваната облека му ги буди спомените на животот во Русија кои ги опишува во одделните глави на романот.Сергеј Довлатов, Кофер. Београд: ЛОМ, 2019, стр. 7-11. Фински чорапи од креп: За време на студиите во Ленинград, авторот го запознаал Фред, кој го вклучил во својата дејност - ситен шверц. Фред купил чорапи од две жени од Финска, но зделката пропаднала и така на авторот му останале стотици чорапи од кои не можел да се ослободи во следните 20 години.Сергеј Довлатов, Кофер. Београд: ЛОМ, 2019, стр. 13-32. Елитни плитки чевли: Во оваа глава, авторот опишува како ги украл скапите чевли. За време на работата во комбинатот за изработка на споменици, тој бил дел од тимот кој требало да изработи скулптура на Ломоносов во метрото на Ленинград. На свеченото откривање на скулптурата билеприсутни многу видни луѓе, меѓу кои и градоначалникот на Ленинград. Додека присутните биле занесени со пиењето, тој забележал дека градоначалникот ги собул чевлите и така му ги украл.Сергеј Довлатов, Кофер. Београд: ЛОМ, 2019, стр. 33-53. Пристоен двореден костум: Додека авторот работел како новинар, редакцијата му ветила дека ќе му купи костум за да изгледа пристојно кога го испраќале на погребите на угледните личности. Еден ден, тој случајно запознал шведски новинар и по тој повод бил испитуван од еден мајор на КГБ. Притоа, за да му овозможи да оди со Швеѓанецот на театарска претстава, редакцијата му го купила костумот.Сергеј Довлатов, Кофер. Београд: ЛОМ, 2019, стр. 54-77. Офицерски ремен: Во 1963 година, авторот заминал во армијата и служел во обезбедувањето во еден казненички логор. Еден ден, заедно со војникот Чурилин требало да пренесат еден заробеник на психијатриски преглед во соседниот логор. Патем, тие купила вотка и Чурилин се опил и му нанесол повреда на главата. Додека авторот лежел во болницата, него го посетил Чурилин, кој му го подарил офицерскиот ремен. Потоа, Чурилин бил осуден поради престапот.Сергеј Довлатов, Кофер. Београд: ЛОМ, 2019, стр. 78-99. Јакната на Фернан Леже: Во детството, авторот се дружел со Андреј, синот на познатиот глумец Черкасов. Подоцна, нивните патишта се разделиле: Андреј станал научник, додека авторот се дружел со пропаднати луѓе. Подоцна, авторот ја сретнал вдовицата Черкасова која заминала на пат во Париз, а кога се вратила, му ја поклонила старата јакна што ја носел познатиот сликар Фернан Леже.Сергеј Довлатов, Кофер. Београд: ЛОМ, 2019, стр. 100-120. Кошула од пуплин: На денот на изборите, во станот на авторот дошла млада девојка - Елена со задача да го одведе на гласање. Меѓутоа, тие заминале во ресторан и така двајцата го пропуштиле гласањето, но започнале љубовна врска, а подоцна стапиле во брак. Нивниот заеднички живот бил исполнет со рамнодушност, а Елена секогаш била пасивна. Меѓутоа, еднаш таа цврсто одлучила да емигрираат, обезбедила виза и купила авионски карти. Пред да ја напуштат Русија, таа му купила кошула.Сергеј Довлатов, Кофер. Београд: ЛОМ, 2019, стр. 121-141. Зимска капа: Еден ден, кога авторот отишол во редакцијата каде што работел, дознал дека дактилографката Раиса извршила самоубиство. Разочаран од однесувањето на колегите, тој одлучил да даде отказ, а потоа се сретнал со својот брат, кој бил во друштво со три жени. Притоа, во една тепачка, авторот се здобил со сериозна повреда. Утредента, тој го придружувал брат му, кој зел кредит, а потоа заедно ги потрошиле парите во неколку ресторани. Најпосле, брат му се степал со еден човек и во тепачката му ја зел капата која му ја подарил на авторот.Сергеј Довлатов, Кофер. Београд: ЛОМ, 2019, стр. 142-163. Шоферски ракавици: Авторот го запознал новинарот Јура Шлибенбах кој му понудил да ја игра улогата на царот Петар Велики во неговиот аматерски филм. Утредента започнало снимањето, но филмот никогаш не бил завршен. Сепак, нему му останал костумот на царот Петар при што ги задржал ракавиците.Сергеј Довлатов, Кофер. Београд: ЛОМ, 2019, стр. 164-186.

Наводи

Категорија:Руски романи Категорија:Книги од 1986 година Категорија:Дела на Сергеј Довлатов