Свети Никола — главна и единствена манастирска црква на Љубанскиот манастир во скопското село Љубанци. Црквата, заедно со целиот манастирски комплекс, е прогласена за споменик на културата на Македонија.
Местоположба
Манастирот е сместен северно од селото Љубанци, вгнезден во планинската падина на Скопска Црна Гора.
Историја
Народната традиција наведува дека црквата била обновена во 1847 година. Таа била подигната од истите мајстори и зографи, како и соборната црква „Св. Богородица“ во Скопје.
Архитектура
Храмот е релативно мал. Во текот на век, црквата се наоѓала во лоша состојба, како и целиот манастир.
Фрескоживопис
Црквата поседува живопис, кој потекнува од 1881 година.
Иконостас
Познатиот мајстор Дичо Зограф во 1853 година ги изработил престолните икони за црквата. Тоа биле иконите: „Богородица со Христос“, „Исус Христос Седржител“, „Св. Јован Претеча“, „Св. Никола“ и „Св. Три Јерарси“.
Галерија
Поврзано Љубанци Скопска епархија Северноскопско архијерејско намесништво
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Љубанци Љубанци