Градешница — река во Петричко, Пиринска Македонија, лева притока на Струмица. Долга е околу 13,5 км. Ги одводнува јужните делови на планината Огражден.
Реката извира од источното подножје на врвот Билска Чука на Огражден, близу границата со Р Македонија, на надморска височина од 1.550 м. Почнува под името Билски Дол, а завршува влевајќи се во Струмица кај петричкото село Струмешница, каде образува наносен конус.
Најголемата (лева) притока на Градешница е Баскалска (Ливадска) Река, која извира од месноста Хаџиица западно од Муратов Врв. Други притоки се Доленска Река (лева) и Чуриловска Река (десна). Сливот зафаќа површина од , а средната надморска височина му изнесува 670 м. Реката претежно се напојува од дождови; најполноводна е во зима и напролет, а најслабоводна во лето и наесен. Средниот годишен истек во устието изнесува . Речната долина е длабоко врежана во метаморфни карпи — претежно со гнајсеви и амфиболити. Падините се стрмни, наместа обраснати со бука и даб, а на други места делумно покриени со бор. Обесшумените падини над реката се подложени на силна ерозија.
Во сливот на Градешница се наоѓаат селата Робово (Волно), Баскалци, Кукурахцево, Чурилово, Зојчене, Гега, Горчево, Долени, Масли Чифлик (Кладенци) и Струмешница.
Поврзано Огражден Струмица
Наводи
Категорија:Реки во Пиринска Македонија Категорија:Струмски слив Категорија:Општина Петрич Категорија:Огражден