Финастеридот е лек кој се користи во третманот на бенигна хиперплазија на простатата и андрогена алопеција. Може да се користи во третманот на хирсутизам кај жени и како дел од хормонска терапија кај трансродови жени. Се зема преку уста.

Несаканите ефекти се ретки. Некои од мажите доживуваат сексуална дисфункција, депресија и гинекомастија. Исто така може да го зголеми ризикот за одредени форми на рак на простата. Финастеридот е 5α-редуктаза инхибитор, и затоа е антиандроген. Делува преку инхибиција на биосинтезата на дихидротестостерон (DHT) за околу 70%, во простатата и во скалпот.

Финастеридот бил патентиран во 1984 и одобрен за медицинска употреба во 1992. Достапен е како генерички лек.

Наводи

Категорија:Лекови Категорија:Карбоксамиди