мини|Поглед кон влезот на театарот Театарот Чоконаи е најстариот и најголемиот театар во Дебрецен, Унгарија. Името го добило по еден од првите унгарски драматурзи за модерното време, Михај Чоконаи, кој живеел и создал многу свои дела во Дебрецен . Зградата е дизајнирана од Антал Скалнитски со мавритански стил на украси , театарот е отворен на улица Кошут Лајош во 1865 година, со Роза Лаборфалви како Гертруд во изведба на претставата на Јожеф Катона од 1819 година, Банк Бан.
Внатре, театарот е богато украсен, а надвор се скулптурите на Шандор Петефи, Ференц Казинци, Михај Верешмарти, Кароли Кисфалуди, Ференц Келчи и Михај Чсоконаи Витез, по кого театарот беше именуван во 1916 година.
Меѓу важните глумци што имаат настапувано во театарот се Лујза Блаха, Коронелија Приеле, Чортош Ѓула, Калман Рожахеѓи, Ласло Меншарош, Иштван Деги, Ласло Маркуш, Золтан Латинович, Јожеф Сендре , и Геза Хофи. .
Наводи
Категорија:Знаменитости во Унгарија