Т-Mobile Македонија е првиот мобилен оператор формиран во Република Македонија. Профункционира во септември 1996 година, под името МобиМак. Најпрво МобиМак е купен од Deutsche Telekom, а на 7 септември 2006 година МобиМак се преименува и го добива името од T-Mobile групацијата - T-Mobile Македонија. Притоа по повод ребрендирањето, на плоштадот Македонија во Скопје го организираа концертот на кој настапи позната група Pet Shop Boys. Како една од поуспешните компании во Македонија, Т-Мобиле преку фондацијата “Т-Мобиле за Македонија” поддржува голем број хуманитарни активности, но исто така го поддржува развојот на македонскиот спорт и музика. Т-Мобиле МК има над 1.100.000 корисници, а покриеноста со сигнал на територија на Република Македонија изнесува 98,5%. Претставки кои ги има Т-Мобиле се 070, 071 и 072.

Услуги Т-Мобиле нуди разни услуги за нивните корисници. Меѓу нив се: Услугата роаминг која е достапна во над 90 земји и околу 200 оператори. Relax тарифните модели за постпејд корисниците. Клуб 360 програмата за постпејд претплатниците. Програмата Припејд + за припејд корисниците. Easy Talk/ Easy SMS припејд тарифните модели со најниски цени за минута разговор.

Надворешни врски T-Mobile Macedonia Фондација Т-Мобиле за Македонија Facebook страница за T-Mobile Македонија

Категорија:Мобилни оператори во Македонија

en:T-Mobile Macedonia