Матница () — река во Неврокопско (Општина Хаџидимово) Пиринска Македонија, десна притока на Места. Долга е 31 км.
Реката извира на надморска височина од 1.685 м, на 1 км североисточно од врвот Муторок (1.971 м) на Јужен Пирин. Во најгорното течение оди во југоисточен правец, во релативно длабока и добро пошумена долина, а потоа до устието долината ѝ е обесшумена и еродирана. Во подрачјето на с. Л’ки прескува широк мермерен појас, каде губи дел од водите. По утоката на најголемата притока Буровица (десна) свртува на исток, а по с. Либјахово (Илинден) — на североисток. Завршува како десна притока на Места, 2,6 км југоисточно од градот Хаџидимово, а на мало растојание од границата со Егејска Македонија.
Сливот на реката зафаќа , што претставува 5,11 % од вкупниот слив на Места. Главни притоки се Селска Река, Буровица (најголема), Орешки Дол, Длабоки Дол и Дервенска Река, сите десни.
Матница има мошне променлив режим и повлекува големо количество наноси, поради што го носи своето име. Летно и есенско време во средното и долното течение пресушува.
По течението на реката има населени места: селата Либјахово (Илинден) и Петралик (Петрелик), обете во Општина Хаџидимово.
Мал дел од водите во долното течение се користат за наводнување.Мичев, Н и Ц. Михайлов, И. Вапцаров и Св. Кираджиев, Географски речник на България, София 1980 г., стр. 330.
Поврзано Неврокопска Котлина Хаџидимовска Клисура Матеница — слично наречена река во Пиринска Македонија
Наводи
Категорија:Реки во Пиринска Македонија Категорија:Притоки на Места Категорија:Пирин Категорија:Општина Хаџидимово