Безбошка Река () или Дуиловица — река во Разлошко (Општина Банско), Пиринска Македонија, десна притока на Места.
Извира од Безбошкото Езеро (на 1.375 м.н.в.) на Северен Пирин. Тече на североисток и завршува како десна притока на Места во месноста Лушин.
Реката е долга 16 км. Богата е со пастрмка. Во горниот и долниот дел, долината е дълбоко врежана во гранит, гнајс и амфиболит, а во долниот дел — во песочник и конгломерат. Поречието е обраснато со кривул во горното и со смрча, ела, бор и други во средното и долното течение.
Поврзано Безбог
Наводи
Категорија:Реки во Пиринска Македонија Категорија:Пирин Категорија:Општина Банско Категорија:Притоки на Места