29 Лебед е единечна ѕвезда во северното соѕвездие Лебед .Таа е слабо видлива со голо око како ѕвезда со бела боја, со привидна ѕвездена величина од 4,93 mas. Растојанието до 29 Лебед, како што се проценува од годишната промена на паралаксата на mas, е на растојание од 131   светлосни години . Ѕвездата се приближува кон Земјата со околусончева радијална брзина од 17   км / с. Таа е член на 30–50 милиони години старото јато Аргус на -ѕвезди кои се придвижуваат.

Ова е А-тип ѕвезда од главната низа со ѕвездена класификација на А2 5. Родригес и др. (2000) ја класифицирале како променлива од типот на Делта Штит променлива со честота од 0,0267 циклуси на ден. Таа е Ламбда Воловар хемиски особена ѕвезда и прва ваква ѕвезда, класифицирана како пулсирачка променлива. 29 Лебед е повекепериодична, малоамплитудна променлива ѕвезда со промена на привидната ѕвездена величина од околу 0,02 и доминантен период од 39  минути. Забележано е магнетно поле со просечна јачина од . Ѕвездата има умерена брзина на вртење, и има предвидена брзина на вртење од 65 км/с. Има двојно поголема маса од Сонцето и зрачи со поголема сјајност за 25 пати од сончевата сјајност од фотосферата на ефикасна температура од приближно 8.790 К.

29 Лебед е наведена во повеќе каталози на ѕвезди и има неколку придружни ѕвезди на растојанаие од ', вклучувајќи ја меѓу нив и жолтата HD 192661 ѕвезда со привидна величина 7. Всушност сите тие се ѕвезди во позадина кои не се физички поврзани со 29 Лебед. Ѕвездите кои можат да се набљудуваат со голо око b1 Лебед и b2 Лебед, се оддалечени околу еден и два степени, а исто така се наоѓаат на различни растојанија до 29 Лебед.

Наводи

Категорија:Променливи ѕвезди со ознаки Категорија:HR-објекти Категорија:HIP-објекти Категорија:HD-објекти Категорија:Флемстидови објекти Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Променливи ѕвезди од типот на Делта Штит Категорија:Ѕвезди од главната низа од типот A Категорија:Ѕвезди од типот на Ламбда Воловар