Олга Иванова (Скопје, 2 март 1939—2016) — македонска јазичарка, македонистка, специјалист од областа на дијалектологијата и пред сè ономастиката.
Животопис Родена е во Скопје на 2 март 1939 година. Докторирала во 1980 година како прв доктор по ономастика во Македонија. Работела како научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, а извесен период била и негов директор.
Трудови Месните имиња на областа по сливот на Брегалница, Скопје, 1982 Исчезнатите месни имиња во областа по сливот на Брегалница, (Споменици на средновековната и поновата историја на Македонија, том 5, Прилеп, 1988) Речник на топонимите во областа по сливот на Брегалница, Скопје, 1996 Студии од топонимијата и антропонимијата, Скопје, 1999 Обратен речник на топонимите во областа по сливот на Брегалница, Скопје, 2001 Македонски антропономастикон (15-16 век), Скопје, 2006
Извор:
Наводи
Категорија:Македонски јазичари