Дамчестиот бакарец (Lycaena thersamon) е пеперуга од семејството на пеперуги синци, од видот бакарци. Пеперугата ја има и во Македонија.

Распространетост Пеперугата може да се најде во Источна Европа, Јужна Европа (без Пиринејскиот Полуостров), па сè до Монголија и северозападна Кина.

Опис Распонот на крилјата на пеперугата е од 14 до 16 мм и тоа ја прави дел од групата на мали пеперуги. Возразните единки летааѕ од април до октомври, во зависност од местото и температурата. Ларвите се хранат со растението Polygonum aviculare.

Горната страна на пеперугата има златно-црвенкаста боја, а кај задниот дел има темни нијанси. Долната страна на пеперугата има сивкаста боја, а во предиот дел има голем диск во црвенкаста боја. Покрај краевите има кафенкасто-портокалови нијанси со дамки. Пеперугата има и мала опашка. Нијансите на боите варираат од местото. Ларвите се зелени, дорзалниот дел е жолт. Главата и нозете се кафеави. Куклата е округла и кафена. Пеперугата претпочита сончеви падини.Seitz, A. ed. Band 1: Abt. 1, Die Großschmetterlinge des palaearktischen Faunengebietes, Die palaearktischen Tagfalter, 1909, 379 Seiten, mit 89 kolorierten Tafeln (3470 Figuren)

Наводи

Поврзано Пеперуги во Македонија

Надврешни врски Пеперуги во Европа

Категорија:Бакарци Категорија:Инсекти на Македонија