Сандиеговиот кактус (Ferocactus viridescens) е бурест кактус од видот ферокактуси.

Распространетост Кактусот расте во округот Сан Диего во Калифорнија, САД. Исто така може да се најде и во Долна Калифорнија, Мексико. Во САД кактусот е под опасност за исчезнување поради губење на живеалиштето, најмногу поради земјоделството и урбанизмот.

Опис Кактусот е сферичен и скоро цилиндричен. Овој кактус повеќе расте во ширина одошто висина, па така висината изнесува до 30 см. Телото е светлозелено, составено од неколку ребренца кои се прекриени со боцки. Боцките се црвенкасти кога се млади, а подоцна затемнуваат или засивуваат. Кактусот има жолти цветови. Плодот е црвен или жолт. Латинското име означува „ферокактус кој зазеленува“.

Надвор од своето живеалиште мора да се одгледува на температура повисока од 5 степени, застаклени простории.

Наводи

Надворешни врски Прирачник за третирање Профил на „USDA“ Галерија со фотографии

Категорија:Ферокактуси