Свети Димитриј – гробјанска црква во мариовското село Градешница. Се смета дека потекнува од XIV век, со што е најстара црква во Општина Новаци и една од најстарите во битолскиот регион. Во 1992 година, црквата била прогласена за споменик на културата на Македонија.„Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 34.
Црквата била изградена во XIV или XV век, фрескописот веројатно е од крајот на XIV и почетокот на XV век или од почетокот на XVI век, а ѕиданиот иконостас е од почетокот на XVI век. Фрескоживописот во црквата денес не е целосно зачуван поради оштетувањата низ годините. Со своите особености, тој е карактеризиран како доцнокомненски од периодот кога со Византија владееле Палеолозите. На него се сочувани како словенски натписи коишто преовладуваат во олтарниот простор, така и грчки коишто преовладуваат во наосот. Притоа, живописот во наосот и иконостасот очевидно се разликува од оној во олтарот, што укажува на тоа дека црквата можеби била зографисана во два различни временски периоди.
Местоположба Црквата се наоѓа на влезот од селото, покрај патот кој води до него.
Историја Црквата потекнува од XIV или од XV век. Фрескописот на црквата според некои е од крајот на XIV и почетокот на XV век, но истражувањата на други автори дел од фрескоживописот и ѕиданиот иконостас го датираат од почетокот на XVI век. Црквата е една од најстарите во битолскиот регион.„Градешница “. Мој Роден Крај.
Архитектура Градбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и апсида на источната страна. Влезот се наоѓа на западната страна, а над него има ниша во којашто е насликан Свети Димитриј, а овој фрескопис не е целосно сочуван.„Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 34-35.
Внатрешноста на црквата била фрескоживописана врз подлога од варов малтер скоро на целата површина, односно на источниот, западниот, северниот и јужниот ѕид, на сводот и на ѕиданиот иконостас. Денес, фрескоживописаните површини не се целосно зачувани поради оштетувањата низ годините. Особено впечатлив во внатрешноста е масивниот камен иконостас којшто го дели наосот од олтарниот простор. Во продолжение на наосот се поставени мермени столбови, по еден на северната и јужната страна, а преку нив и иконостасот се изѕидани по три слепи ланци над кои се издига камениот свод.„Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 35.
Иконостас Иконостасот во црквата потекнува од XVI век.„Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 36. Тој е од типот на ѕиданите иконостаси кои најрано се појавиле на териториите под византиска власт во XIII век. Во Македонија, цркви со ѕидани иконостаси се само неколку и се појавиле во XIV, XVI и XVII век, како на пример во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане, црквата „Св. Никола“ во Шопско Рударе и црквата „Св. Атанасиј“ во Слоештица.„Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 38. Иконостасот е изѕидан од полуделкан камен споен со малтер и го преградува олтарниот простор по целата широчина на наосот. Во средишниот дел е поставен влезот во олтарот, кој во горниот дел лачно е засводен. Од северната страна постои влез којшто води кон жртвеникот, кој исто така во горниот дел лачно е засводен. Наместо со икони, тој е украсен со фрески.„Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 39.
Фрескоживопис мини|десно|180п|Фрескоживописот Според некои автори, фрескоживописот во наосот на црквата и на иконостасот којшто потекнува од XVI век очевидно се разликува од оној во олтарниот простор. Но, некои показатели укажуваат дека фрескописот временски потекнува од периодот кон крајот на XIII век. Сепак, досегашните согледувања водат во две насоки. Живописот е од два различни временски периоди, а притоа постариот е дело на особено вешт и надарен зограф, но поверојатно е дека тој е дело на некоја месна монашка енклава. Во периодот на фрескоживописувањето, покрај главниот зограф работеле и помошници кои ги сликале горните партии, а главниот зограф работел на првите зони во наосот, олтарниот простор и иконостасот. На некои места е забележително повторно туширање од поново време, а можно е да има и преправки од постар период.
Фрескоживописот со своите особености е карактеризиран како доцнокомненски од периодот кога со Византија владееле Палеолозите. Сочуваните словенски натписи на фрескоживописот главно преовладуваат во олтарниот простор, а грчките во наосот на црквата. Според анализите, ракописот на испишаните натписи е од иста зографска рака. Можно е во периодот кога црквата била зографисана таа да била во рамките на македонските или српските средновековни држави, во кои словенскиот јазик имал предимство пред грчкиот, а присуството на словенски натписи можеби е последица и на близината на црквата до манастирите во кои се негувал словенскиот јазик.„Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 52.
Боите коишто се употребени за сликање на фигурите, пејзажите и архитектурата се топли во повеќе тонови и меѓутонови, а за заднината се користени студени бои претежно со сиво-сини тонови коишто остсаваат впечаток на хармоничен изглед поради одмереноста на интензитетот. Деловите од телото на ликови се насликани на основа со нијанси на жолт окер, бледозелени сенки, кафеави контури за нагласување на очите, веѓите и носот, како и истакнување на осветлените површини со бела боја. Само кај претставата Богородица Знамение, за сликање на ликовите на Богородица и Исус незначително е употребена црвена боја на површината на образите. Косите на светителите и ангелите се насликани претежно со кафеава боја, а прамените и кадрите се определени со жолт окер.
Иконостас Во долниот дел на иконостасот, односно цоклето, е насликана драперија во посветли и потемни тонови на жолт окер и е украсена со растителен мотив во црвена и црна боја. Крајот на драперијата е насликан со широка црвена трака. Над драперијата на јужната страна на иконоастасот е живописана допојасна претстава на Исус Христос Спасител, кој со десната рака благословува, а во левата држи отворено евангелие. Тој е насликан со темноцрвен хитон и белузлав химатион. До него е живописана допојасна претстава на Свети Димитриј. Тој е насликан со војничка облека со меч во десната и краток нож во левата рака. Неговата глава е украсена со свечена дијадема со скапоцени камења (бисери). Од неговата страна е насликан штит со кружен облик. Штитот е насликан со виолетово-црвена боја, а украсен е со растителни орнаменти и еден антропоморфен детањ. Наметката на светецот е насликана со маслинестозелена боја, туниката во црвена, а панцирот во сива боја.„Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 39-40.
Кон северната страна од средишниот влез во олтарот во ниша е живописана највпечатливата претстава на Богородица Милостива. Таа е прикажана како го држи малиот Исус во своите прегратки, милувајќи го со својот образ. Насликана е мошне емотивно, изразувајќи ги човековите особини. Облечена е во раскошен мафорион во темна карминесто црвена боја којшто е обрабен со жолто-црвенкаст тон на окер, а малиот Исус е облечен во краток жолто-окераст хитон. На крајната северна страна до влезот во жртвеникот е живописана допојасна претстава на Свети Никола во бел полиставрион којшто е украсен со црни крстови и омофор со црвени крстови. Светецот во левата река држи затворено евангелие коешто е во црвено-окераста боја и е украсено со бисери, а со делумно сочуваната десна рака благословува. Светителите кои се претставени и распоредени на местото од престолните икони се сместени во обрабени рамки во вид на лента со ширина од 4 см, која од обете страни е со нагласена тенка бела линија. Претставата на Свети Никола е сместена во правоаголна насликана рамка, а другите се залачени во горниот дел или личат на полукружни ниши, освен претставата на Богородица Милостива којашто е насликана со изведена ниша и има дополнително нагласена црвена бордура во вид на трака. Оваа претстава е нагласена со уште еден вид украс со искривени ленти коишто го следат обликот на нишата. Во лунетата над претставата на Богородица е испишан криптограмски текст. Основата на живописаните претстасви е со светла сиво-сина боја, додека кај Богородица во горниот дел е со светла сиво-сина, а во долниот дел со зелена боја. Ореолите на светците се насликани со жолт окер и се нагласени со тенки бели линии. Ликовите се насликани слоевито во жолт окер, зелени сенки и белузлави нагласоци. Потписите се во бела боја.„Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 40.
На архитравот којшто се протега по целата должина на иконостасот во правоаголно поле ограничено со црвени ленти горе и долу се живописани допојасните претстави на дванаесетте апостоли. Над нивите глави со бордура е одвоен натпис којшто се протега по целата должина на иконостасот. Во средишниот дел се живописани апостолите Свети Петар и Павле. Зад Петар се живописани апостолите Лука, Марко, Андреја, Вартоломеј и Јаков, а зад Павле се живописани Матеј, Јован, Тома, Симон и Филип. Од страната на Петар, апостолите држат евангелија, а од страната на Павле држат затворени свитоци.
Олтар мини|десно|250п|Богородица Знамение во полукалотата на апсидата Во првата зона во олтарниот простор, на источниот ѕид е прикажана композицијата Поклонување на жртвата, чија местоположба е определена со црковните канони и начинот на којшто треба да се претставени во олтарот. Во средишниот дел е прикажан малиот Исус како благословува со десната рака полулегнат на чесна трпеза. Зад него се насликани црква и други објекти, од левата и десната страна е претставен по еден ангел во бела ѓаконска облека со по една рипида во рацете која на врвот завршува со осумкрака ѕвезда којашто во христијанството ги симболизира осумте еони на Христовата слава. Од десната страна е прикажан Свети Василиј со бел полиставрион и црни крстови, врз омофорот се насликани темноцрвени крстови. Од левата страна се прикажани Јован Златоуст и Свети Атанасиј Александриски исто така во полиставриони, но омофорот на Свети Атанасиј е насликан со црни крстови. Свитоците коишто ги држат архијереите се испишани на црковнословенски јазик. Композицијата е единствена и ретка поради присуството на Господовите ангели со осумкраките ѕвезди и архитектонските детали. Слична ваква претстава се среќава во олтарниот простор на црквата „Св. Богородица Пречиста“ во селото Граешница којашто потекнува од почетокот на XV век.„Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 41. Црковнлословенски натписи се забележителни кај композицијата Поклонување на жртвата, додека кај другите композиции во олтарот и наосот на црквата се среќаваат натписи на грчки јазик кои се прифатени како епитети и карактеристични грчки именувања, како што е примерот со Христос Емануил во претставата на Богородица Знамение.„Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 42. мини|десно|180п|Живописот во олтарот мини|лево|250п|Старецот на деновите во горниот дел од олтарот