28 Лебед — единечна ѕвезда во северното соѕвездие Лебед. Станува збор за синобела ѕведа која може да се забележи со голо око со привидна ѕвездена величина од 4,93. Растојанието до 28 Лебед, проценето од годишната промена на паралаксата од , е околу 620 светлосни години. Нејзината апсолутна ѕвездена величина е −2.56, што значи дека ако ѕвездата е на растојание од ќе биде посветла од Сириус, која е пак најсјајната ѕвезда на ноќното небо.

Станува збор за синобела ѕвезда од главната низа со ѕвездена класификација B2.5 V, според Лиш (1968). Слитибак (1982) ја категоризирал како B2 IV(e), што наведува дека станува збор за развиена подџиновска ѕвезда. Според ова таа е Be-ѕвезда, што значи дека спектарот има оддавни линии поради постоењето на диск исфрлен гас во Кеплерова орбита околу ѕвездата. Ѕвездата е краткопериодична променлива ѕвезда со два или повеќе периоди, и е класифицирана како променлива ѕвезда од типот на SX Овен од страна на Самус и др. во 2017 година. Има голема вртежна брзина која се проценува дека изнесува 320 км/с;што е околу 80% од критичната вртежна брзина. Од оваа причина ѕвездата има сплескан облик со екваторска испакнатост со полупречник 6,5 поголем од Сончевиот полупречник, споредено со 5,7 пати на половите. Наводи

Категорија:Подџуџиња од типот O Категорија:Ѕвезди од главната низа од типот B Категорија:Be-ѕвезди Категорија:Променливи ѕвезди од типот на SX Овен Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Тела од Бонскиот преглед Лебед, 28 191610 099303 7708 Лебед, V1624 Категорија:Двојни ѕвезди