Q Лебед (Q Cyg) или Нова во Лебед 1876 — ѕвезда во северното соѕвездие Лебед. Ги носи и ознаките NGC 7114 и HR 8296. Новата се наоѓа на северноисточниот дел од Лебед во близина на границата со Гуштер.
Станува збор за една од најрано забележаните нови, Q Лебед е откриена од страна на Јохан Фридрих Јулиус Шмид на 2 ноември 1876 година. Ѕвездата станала нова, стекнувајќи привидна ѕвездена величина 3 и го задржила овој сјај во текот на следните четири денови.
Системот се смета за катаклизмична променлива, составена од бело џуџе во блиска орбита со друга ѕвезда и орбитираат една околу друга на секои 10 часа. Белото џуџе е обиколено со насобирачки диск, кој сјае посилно од ѕвездата која ја опкружува. Се смета дека системот е на растојание од 740 ± 11 парсеци. Втората ѕвезда се проценува дека е со маса околу 0,6 пати помасивна од Сонцето, што ја прави портокалово џуџе со спектрален тип K5. Позната и како дарителна ѕвезда, втората ѕвезда ја снабдува масата на насобирачкиот диск околу белото џуџе.
Мал магленест диск е забележан околу новата и ова придонело да и се додели ознака во Новиот општ каталог како можна планетарна маглина. Оваа маглина не е забележани при современите набљудувања и во новиот Надополнетиот нов општ католог се води како „непостоечко“ тело.
Наводи
Надворешни врски Stars of Cygnus
Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Нови 8296 Категорија:2MASS-објекти Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:Објекти од Новиот општ каталог Лебед, Q