Петит Невис (англиски: Petit Nevis, „Мал Невис“) е мал остров во Карипското Море, дел од групата на острови Гренадини, во независната островска држава Свети Винцент и Гренадини. Островот не е населен. Во близина на северниот брег има мала издигната карпа.
Географија Островот e со вкупна големина од 0,28 км2. Петит Невис се наоѓа јужно од островот Бекија. Помеѓу Бекија и Петит Невис се наоѓаат малите карпи Семплерс Ки и Сент Елерс Ки.Mapcarta, 2018. Petit Nevis, St Vincent. Accessed 2018-03-30. Овој остров не е населен, но се користи од ловци на китови. Сепак ловењето на китови сега е ограничено со закон.
Последниот сопственик на островот била Ејлин Корија, која умрела во јули 2011. Денес островот е под управа на потомците од претходните сопственици.
Наводи
Поврзано Гренадини Свети Винцент и Гренадини
Надворешни врски Приватни острови на продажба: Петит Невис
Категорија:Острови во Свети Винцент и Гренадини Категорија:Гренадини Категорија:Приватни острови