Џон Винстон Ленон, МБЕ (подоцна Џон Оно Ленон) (9 октомври 1940 — 8 декември 1980) — познат како пејач, композитор и гитарист на Битлси. Неговата креативна кариера содржи и епизоди во кои Ленон може да се опише како политички активист, уметник, глумец и писател. Дел е од тимот Ленон-Мекартни, можеби најуспешното кант-авторско дуо во историјата на рок-музиката. Истовремено, во својата соло-кариера, Ленон останува запамтен и како автор на Imagine и Give Peace A Chance, две од најпознатите песни на дваесеттиот век. Тој е една од големите музички икони на дваесеттиот век.

Негова жена била Јапонката Јоко Оно од 20 март 1969 година до 8 декември 1980 година, кога Ленон е застрелан од еден негов психички пореметен обожавател, Марк Дејвид Чепмен, во Њујорк.

Во 2002 година, според анкетата 100 најголеми Британци на Би-Би-Си Ленон бил рангиран на осмото место. Во 2004 година, списанието Rolling Stone го прогласило Ленон за 38. најголем музичар на сите времиња на својата листа „Бесмртните: Педесетте најголеми уметници на нашата епоха“. На истата листа, Битлси го зазеле првото место.

Во 1969 година, заедно со другите членови на „Битлси“, Ленон го добил Орденот на Британската Империја, но четири години подоцна го вратил орденот, наведувајќи неколку причини: вмешаноста на Британија во војната во Нигерија, поддршката што Британија ѝ ја давла на САД во војната во Виетнам и лошиот комерцијален успех на неговата песна „Студена мисирка“ (Cold Turkey).„Боуви одби да стане витез, Брандо ги бојкотира Оскарите“, Дневник, година XX, број 6224, петок, 25 ноември 2016, стр. 22.

Надворешни врски

Официјалната страна на Џон Ленон Страница на Би-Би-Си за Џон Ленон

Џон Ленон како уметник ФБИ документи за Џон Ленон Дискографија на Џон Ленон "Кој го уби Џон Ленон", песна на Елис Пол.

Наводи

Категорија:Британски рок-гитаристи Категорија:Британски рок-пејачи Категорија:Битлси Категорија:Членови на Редот на Британската Империја Категорија:Родени во 1940 година Категорија:Починати во 1980 година Категорија:Добитници на наградата „Ајвор Новело“