десно|мини|260x260пкс|Политехничкиот универзитет во Тирана десно|мини|260x260пкс| Албански колеџ во Драч мини|260x260пкс|Месаонјеторја било првото училиште на албански јазик што било основано во Отоманска Албанија Образованието во Албанија за основно, средно и високо ниво во најголема мера е поддржано од самата држава. Академската година е многу слична на онаа како во САД, часовите започнуваат во септември или октомври и завршуваат во јуни или јули. Албанскиот јазик е наставен јазик во сите државни училишта. Образованието се одвива во три фази како основно, средно и универзитетско образование. Има околу 5000 училишта низ целата држава.
Основното образование е задолжително од 1 до 9 одделение, но повеќето ученици продолжуваат барем до средно образование. Учениците мора да ги положат матурските испити на крајот од 9-то одделение и исто така на крајот на 12-то одделение за да го продолжат своето образование. Академската година е поделена на две полугодија. Училишната недела започнува во понеделник и завршува во петок.
Очекуваниот животен век на образованието во училиштата (од основно до високо образование) во Албанија е 16 години. Нацијата се наоѓа на 25-то место од 167 земји според степенот на образование. Во 2015 година, вкупната стапка на писменост во Албанија била 98,7%; стапката на писменост кај мажите била 99,2%, а стапката на писменост кај жените била 98,3%.
Пред-комунистички период Уште во 1945 година, стапката на писменост во земјата се зголемила на околу 20%http://education.stateuniversity.com/pages/10/Albania-HISTORY-BACKGROUND.html, quote: These compulsory programs were highly successful, raising the literacy rate from an estimated 20 percent in 1945, а кон крајот на 1946 година стапката на неписменост била 60%. Овој низок процент главно бил затоа што училиштата кои го користеле албанскиот јазик практично не постоеле во земјата пред да стане независна во 1912 година. До средината на XIX век, отоманските владетели забранувале употреба на албански јазик во училиштата. Турскиот јазик се зборувал во неколку училишта што му служеле на муслиманското население. Овие институции се наоѓале главно во големите градови. Училиштата за православни христијански деца биле под надзор на Вселенската патријаршија на Цариград. Наставниците во овие училишта обично биле регрутирани од православните свештеници, а јазикот на наставата бил на грчки. Првото познато училиште кое го користело албанскиот јазик во модерно време била францисканска богословија која билс отворила во 1861 година во Скадар, иако постојат спомнувања на албански училишта од Францисканците од 1638 година во Пдана.
Од околу 1880 до 1910 година, неколку албански патриоти со намера да создадат чувство за национална свест основале основни училишта во неколку градови и населени места, претежно на југ, но овие институции биле затворени од османлиските власти. Доаѓањето на движењето на Младотурците во 1908 година ги мотивирало албанските патриоти да ги интензивираат напорите, а во истата година група интелектуалци се состанале во Битола каде била основана албанската азбука Книгите напишани на албански јазик пред 1908 година користеле мешавина од азбуки, и азбуката главно се состоела од комбинации на латински, грчки и турски и арапски букви. Учесниците на состанокот во Битола развиле унифицирана азбука заснована на латинските букви. Голем број учебници наскоро биле напишани со новата азбука, а албански основни училишта се отвориле во различни делови на земјата. Во 1909 година, за да се исполни побарувачката за наставници кои можат да предаваат на мајчин јазик, во Елбасан било основано училиште. Но, во 1910 година, Младотурците, плашејќи се од појавата на албанскиот национализам, ги затвориле сите училишта што го користеле албанскиот како јазик на наставата.
Дури и откако Албанија станала независна, училиштата биле оскудни. Нерешените политички услови предизвикани од Балканските војни и Првата светска војна го попречиле развојот на унифицираниот образовен систем. Кога избила Првата светска војна (1914), албанското образование во Албанија било практично непостоечко. Освен турските образовни институции, локалните училишта главно биле на грчки, романски и српски јазик:
Јазик Училишта Региони Грчки 360 (23.000 студенти) претежно на југот на земјата,каде грчките заедници биле сконцентрирани (Северен Епир) Романски 28 Регион Корча Српски 3 Регион Скадар
Меѓутоа, странските окупаторски сили отвориле некои училишта во соодветните области на контрола, и секоја од нив нудела образование на нивниот јазик, но не и на албански. Неколку од овие училишта, особено италијанските и француските, продолжиле да функционираат по Првата светска војна и одиграле значајна улога во воведувањето на западните образовни методи и принципи. Особено важно било Националното училиште во Горица, каде јазикот на наставата се одвивал на француски.
Набргу по формирањето на национална влада во 1920 година, во кое било вклучено и министерство за образование, биле поставени и основите за развојот на националниот образовен систем. Основните училишта биле отворени во градовите и некои од поголемите населени места, а се зајакнале италијанските и француските училишта што биле отворени за време на Првата светска војна. Во меѓувреме биле основани две значајни американски училишта: Американското стручно училиште во Тирана, основано од Американскиот јуниор Црвен крст во 1921 година и Американското земјоделско училиште во Каваје, спонзорирано од Фондацијата Близок Исток . Неколку идни комунистички партии и владини функционери се школувале во странските училишта: Енвер Хоџа дипломирал на Националното училиште во 1930 година, а Мехмет Шеху, кој ќе стане премиер, ги завршил студиите во Американското стручно училиште во 1932 година.
Во 20-тите години на минатиот век, периодот кога биле поставени темелите на современата албанска држава, бил постигнат значителен напредок кон развојот на вистинскиот албански образовен систем. Во 1933 година, кралскиот устав бил изменет и дополнет со цел образованието на граѓаните да биде ексклузивно право на државата. Сите училишта на странски јазик, освен Американското земјоделско училиште, биле затворени или национализирани. Овој потег бил со цел да се запре брзото ширење на училиштата спонзорирани директно од италијанската влада, особено меѓу римокатолиците на северот.
Национализацијата на училиштата било проследено во 1934 година со реорганизација на целиот образовен систем. Новиот систем повикувал на задолжително основно образование од четири до четиринаесет години. Исто така, предвидено било и проширување на средните училишта од различни видови; формирање на нови технички, стручни и трговски средни училишта; и забрзување и проширување на обуката на наставниците. Задолжителните одредби од законот за реорганизација од 1934 година никогаш не биле применети во руралните средини затоа што на селаните им требале своите деца да работат на нивите, но и поради недостаток на учители, наставници и превозни средства.
Единствените малцински училишта што работеле во Албанија пред Втората светска војна биле оние на грчкото малцинство кои живеат во округот irирокастер . Овие училишта исто така биле затворени со уставниот амандман од 1933 година, но Грција го упатила случајот до Меѓународниот постојан суд на правдата, кој ја принудил Албанија да ги отвори повторно.
Пред-Втората светска војна Албанија немала образование на универзитетско ниво и сите напредни студии биле спроведувани во странство. Секоја година државата им доделувала ограничен број стипендии на заслужените матуранти, кои инаку не можеле да си дозволат да го продолжат своето образование. Но, најголем број студенти на универзитетите потекнувале од добронамерни семејства и со тоа биле приватно финансирани. Голем дел од студентите учеле на италијанските универзитети поради нивната близина и поради посебните односи меѓу владите на Рим и Тирана. Самата италијанска влада, следејќи ја политичкото, економското, военото и културното навлегување во земјата, доделувала голем број стипендии на албански тестуденти.
Наскоро откако Италијанците ја окупирале Албанија во април 1939 година, образовниот систем се нашол под целосна италијанска контрола. Употребата на италијанскиот јазик била задолжителна во сите средни училишта, а фашистичката идеологија и ориентација била вклучени во наставните програми. Меѓутоа, после 1941 година, кога герилските групи започнале да дејствуваат против италијанските сили, целиот образовен систем станал парализиран. Средните училишта станале центри на отпор и герилско регрутирање, а многу наставници и студенти заминале на планините за да им се придружат на групите на отпорот. До септември 1943 година, кога Италија капитулирала на сојузниците и германските трупи ја нападнале и ја окупираа Албанија, образованието паднало во целосен застој.
Комунистички период По преземањето на власта кон крајот на 1944 година, комунистичкиот режим имал голем приоритет кон повторното отворање на училиштата и организирање на целиот образовен систем за да ја одрази комунистичката идеологија. Целите на режимот за новиот училиштен систем биле што побрзо да се избрише неписменоста во земјата, да се бори против аристократските прикажувања во културата на земјата, да се пренесат на албанската младина идеите и принципите на комунизмот како што се толкувани од партијата, и конечно да се образоваат децата од сите социјални класи врз основа на овие принципи. Комунистичкиот устав од 1946 година јасно ставил до знаење дека режимот има намера да ги доведе сите деца под контрола на државата. Сите училишта наскоро биле ставени под државна контрола. Во исто време, поради недостаток на специјалисти во многу полиња на знаењето, голем број млади биле испраќани во странство во државите во кои Албанија имала воспоставено дипломатски врски (Советски Сојуз, Чехословачка, Полска, Романија и др,) S.T. Dhamko. Boboshtica. Historie. Boboshtica, 2010 (dorëshkrim). Ff. 139-140.
Законот за реформа на образованието од 1946 година предвидувал конкретно дека марксистичко-ленинистичките принципи ќе ги шират сите училишни текстови. Овој закон исто така ја направи борбата против неписменоста основна цел на новиот училиштен систем. Во септември 1949 година, владата донела закон со кој се бара сите граѓани на возраст меѓу дванаесет и четириесет години, кои не можат да читаат, да одат на часови по читање и пишување. Курсеви за неписмените селани биле основани од одделите за образование на народните совети. Политичките органи на вооружените сили обезбедиле паралелни курсеви за неписмениот воен персонал.
Покрај обезбедувањето на седумгодишно задолжително основно образование и четиригодишно средно образование, законот од 1946 година повикал на воспоставување мрежа на стручни и трговски училишта, и училишта за обука на наставници за да се подготви персоналот, техничарите и квалификуваните работници за разни социјални, културни и економски активности. Друг закон за образование усвоен во 1948 година предвидувал натамошно проширување на стручните курсеви за обука и за зголемување на теоретското и професионалното знаење на техничарите.