Едвард Коцбек (, - , ) — словенечки писател.Edvard-Kocbek

Животопис Роден е на 27 септември 1904 година во Св. Јуриј во Штавница. Најпрво студирал теологија во Марибор од 1925 до 1927 година, по што се запишал на романистика во Љубљана, Берлин, Лион и Париз. По дипломирањето, тој бил средношколски професор во Бјеловар, Вараждин и Љубљана од 1931 до 1941 година.

мини|лево|Коцбек (трет од десно) со маршалот Тито во пештерата Дрвар во Босна во 1944. По окупацијата на Југославија во април 1941 година, како претставник на христијанските социјалисти, тој се приклучи на Ослободителниот фронт станувајќи дел од нејзиното раководство. За време на војната бил член на Извршниот одбор на Ослободителниот фронт, член на АВНОЈ, комесар за образование од 1943 година, министер за во владата на ДФ Југославија од март 1945 година, потпретседател на Президиумот на Националното собрание на НР Словенија и член на Главниот комитет на Ослободителниот фронт на Словенија. Поради објавувањето на книгата „Страв во храброста“, која се занимавала со ликвидација на политичките противници за време на војната во Словенија, тој е политички изолиран од 1952 година. Повторно објавувал во 1961 година, а три години подоцна беше добитник на наградата Прешерен за делото„Ужасот“. За време на периодот на изолација 1952-1961, тој главно се занимавал со превод на дела од француски и германски јазик. Починал на 3 ноември 1981 година во Љубљана. Тој беше погребан на гробиштата Жале во Љубљана.

Творештво Песните што ги објавил меѓу 1925 и 1933 година и ги собрал во книгата „Земја“ (1934) варирајќи од експресионистичката стилистика кон духовната дескриптивностDelo.

Во есеите на Коцебек, се стремелкон филозофска синтеза на христијанскиот активизам и персоналистичката етика, и врската помеѓу поединците и општествотоpoems.

Поезија (поетски збирки): Проза: Драмски дела: Први песни (1924) Земја (1934) Страшилиште (1963) Соопштение (1969) Собрани песни (1977) Другарства (1949) Страв и храброст (1951) Повелба (1967) Внатрешни ктугови (1977) |valign=top|Пламен (192?)Мајка и син (okoli 1920)Ноќ под Хмељник '' (1943)

Наводи

Надворешни врски Poetry International Web Kocbek na www.rtvslo.si Brošura o Edvardu Kocbeku Spominska znamka Novice na 24ur.com

Категорија:Словенечки писатели Категорија:Советници на АВНОЈ Категорија:Социјални и политички работници на СР Словенија Категорија:Апсолвенти на Љубљанскиот универзитет Категорија:Делегати на АВНОЈ Категорија:Добитници на Прешерновата награда