Калевала или старите поеми на Карелија од древните времиња на финскиот народ (фински: Kalevala) — фински епос напишан во 19 век од Елијас Ленрoт врз основа на фолклорот на Финска и на Карелија.national epic Првото издание на епот потекнува од 1835 година, а второто, проширено издание се појавило во 1849 година. Епот се состои од 50 песни (руни) и содржи вкупно 22 795 стихови. Насловот „Калевала“ може да се разгледа како „Земјата на Калева“.Epic Finland

Содржина Епот се состои од 50 песни во кои се опишуваат доживувањата на неколку одделни ликови: 1-2: На почетокот од поемата, пејачот ги најавува песните и соопштува дека тие се создадени во далечното минато и дека биле стрпливо собирани и чувани. Дејствието на епот започнува така што Илматар (позната и како Луонотар и Каве), ќерката на воздухот, го родила синот Вејнемејнен. Имено, Илматар живеела со векови како девојка во воздухот, а кога тоа ѝ здодеало, се спуштила во морето каде дувнал ветар кој ја оплодил со помош на морската вода. Таа била бремена цели седум века и за тоа време ветрот ја носел на сите страни по морето. Еднаш, над морето прелетала птица, барајќи место за гнездење, а Илматар го испружила коленото и на него птицата снесила шест златни и едно железно јајце. Кога се вжештило коленото на Илматар, таа се помрднала и јајцата паднале во морето, а од нив настанале: земјата, небото, сонцето, месечината, облаците и ѕвездите. Десет години подоцна, Илматар се придвижува и ги создава подводниот, морскиот и копнениот релјеф. Вејнемејнен лежел во нејзината утроба уште 30 години, а потоа излегол надвор, неколку години пловел по морето и најпосле дошол на копното. Некое време по создавањето, земјата била пуста, но волшебникот Самса (познат и како Пелервојнен) посела семе од кое израснале растенијата. Притоа, еден даб извишил дури до небото и ги засенил сонцето и месечината, но од морето излегол џин и со секира го пресекол дабот. така, повторно огреало сонцето и насекаде никнале трева, грмушки и шума. Вејнемејнен пронашол семе, а потоа ја исекол шумата, со помош на еден орел ја запалил и врз пепелта го посеал семето, а од него никнало жито.Kalevala. Beograd: Rad, 1964, стр. 3-12. 3-5: Вејнемејнен пеел песни за старите времиња и насекаде се раширил гласот за неговите волшебни песни. Момчето Јукахојнен слушнало за песните на Вејнемејнен и во него се родила завист, па заминал да го побара со намера да се натпреварува со него. Кога го сретнал, Јукахојнен почнал да ја фали својата пејачка дарба, а кога Вејнемејнен го нарекол лажго, Јукахојнен го предизвикал на двобој. Тогаш, Вејнемејнен се налутил и почнал да ги пее своите волшебни песни со кои го закопал Јукахојнен во калта. Тој почнал да го моли за милост, ветувајќи му најразлични подароци кои Вејнемејнен ги одбил, а најпосле, кога му ја ветил сестрата Ајно, Вејнемејнен го ослободил. Јукахојнен се вратил дома со плачење, а исто така и Ајно се нажалила, додека мајка им се радувала поради приликата да ја омажи ќерката за Вејнемејнен. Ајно случајно се сретнала со Вејнемејнен, кој ја пофалил нејзината убавина, но таа од пркос го фрлила накитот во шумата. Дома, таа постојано тагувала, а по совет на мајка ѝ се облакла убаво и отишла да прошета. Кога пристигнала до морето, влегла да се искапе, а кога дошла до една карпа, таа потонала и така Ајно се удавила. Еден зајак ја донел веста за смртта на Ајно, а од солзите на мајка ѝ се направиле три реки со три острови, секој со по три брези, а на секоја бреза пееле по три кукавици. Од нивните песни, мајката на Ајно постојано тагувала. Веста за смртта на Ајно се проширила насекаде и дошла до Вејнемејнен, кој тагувал по неа. Тој отишол на островот на господарот на морето и уловил необична риба. Кога сакал да ја пресече со ножот, таа побегнала и му кажала дека е Ајно. Потоа, Вејнемејнен фрлал мрежи насекаде по морето за повторно да ја улови таа риба, но попусто. Слушајќи го неговото тагување, мајка му му дала совет да појде во земјата Похјола и таму да се ожени.Kalevala. Beograd: Rad, 1964, стр. 13-31. 6-10: Вејнемејнен тргнал кон Похјола, но завидливиот Јукахојнен го чекал во заседа и со стрелата му го убил коњот. Вејнемејнен паднал на земјата, а брановите го повлекле во морето. Вејнемејнен пливал во морето со денови и веќе бил исцрпен, но дошол орел, кој го качил на себе и го оставил во северната земја Похјола. Лоухи, господарката на северната земја, го негувала во својот дом, но Вејнемејнен постојано тагувал за својата земја. Тогаш, таа го ставила во санка и го испратила кон родниот крај, а за возврат, Вејнемејнен ветил дека ќе ѝ направи Сампо (волшебна направа). Патем, Вејнемејнен здогледал убава девојка и ја поканил да му се придружи, ветувајќи дека ќе се ожени со неа. Таа му поставила неколку задачи, кои тој лесно ги извршил, но при последната задача, правејќи посебен чамец, лошите духови му ја придвижиле секирата и тој се пресекол. Бидејќи обилно крварел, отишол во едно село, каде пронашол старец кој умеел да лекува. Старецот го прашал за настанувањето на железото и Вејнемејнен почнал да раскажува како врховниот бог Уко создал три ќерки од чие млеко настанале железото и челикот; плашејќи се од својот брат - огнот, железото се криело под земја, но огнот го пронашол и го истопил; Во тоа време се родил ковачот Илмаринен кој еднаш го нашол железото, го истопил и почнал да го кова, но претходно железото се заколнало дека ќе служи само за добри нешта; меѓутоа, еден стршлен истурил лоши сокови во стопеното железо и така тоа станало луто и почнало да ги убива луѓето. Старецот почнал да изговара чудотворни зборови и Вејнемејнен престанал да крвари, а потоа синот на старецот подготвил лековита маст од која Вејнемејнен потполно оздравел. Вејнемејнен се вратил во родната земја и го посетил ковачот Илмаринен, убедувајќи го да оди во Похјола каде го чека убава девојка. Откако Илмаринен ја одбил неговата понуда, Вејнемејнен го намамил да се качи на една висока елка и тогаш почнал да ги пее своите волшебни песни, создавајќи виор кој го однел Илмаринен во Похјола. Таму го пречекала Лоухи, која му ја понудила својата убава ќерка, ако направи Сампо. Илмаринен изградил ковачница во која исковал лак, чамец, крава и плуг, кои биле убави, но лоши и затоа ги уништил. Најпосле, тој направил Сампо кое правело брашно, сол и пари. Лоухи го зела Сампото, но нејзината ќерка одбила да се омажи со Илмаринен и тој се вратил во родниот крај.Kalevala. Beograd: Rad, 1964, стр. 32-59. 11-15: Втората песна се однесува на младиот Ахти (познат и како Леминкајнен, Каукомјели и Кауко) кој слушнал за убавата Килики (Кили) која ја проселе Сонцето и Месечината, како и момци од повеќе земји, но таа сите ги одбила. Ахти заминал во земјата на Кили, каде девојките го исмевале, каде дење работел како овчар, а ноќе се веселел при што успеал да ги заведе сите девојки. Најпосле, Ахти ја грабнал Кили и ја однел во својата земја, а двајцата се заколнале на вечна љубов. Кога Ахти заминал на риболов, Кили заминала на игранка во селото. Кога Разбрал за тоа, Ахти се налутил и се подготвил да оди во војна, наспроти молбите на мајка му и на Кили. Кога пристигнал во земјата Похјола, тој влегол во една куќа во која се пееле волшебнички песни при што и тој запеал и ги маѓепсал сите присутни, поштедувајќи само еден стар, слеп овчар кого почнал да го навредува и поради тоа, овчарот заминал покрај светата река со намера да му постави заседа на Ахти. Ахти ја побарал за жена ќерката на Лоухи, господарката на Похјола, а таа му дала задача да улови лос. Тогаш, лошиот Јутас направил лос од дрвја, трупци и кори и го пуштил да бега, а Ахти го бркал до крајот на Похјола. Најпосле, Ахти успеал да го фати лосот, но тој се ослободил и побегнал, а на Ахти му се скршиле скиите така што не можел да го гони лосот. Ахти ги замолил шумските божества за помош, а тие се смилувале и го потерале лосот до него, така што тој успеал да го услови и ѝ го однел на Лоухи. Меѓутоа, таа му дала нова задача - да го фати коњот со необични спсообности. Тогаш, Ахти го замолил за помош врховниот бог Уко и тој пуштил железен град и дожд врз коњот, па така Ахти успеал да го скроти и да го однесе кај Лоухи. Најпосле, таа му дала и трета задача - да го убие лебедот на светата река. Ахти го прифатил и тој предизвик, но таму го чекал слепиот стар овчар, кој смртно го ранил со отровна змија. Потоа, овчарот го фрлил Ахти во Туонела, реката на подземниот свет, а синот на реката го исекол на парчиња. Претчувствувајќи дека на Ахти му се случила несреќа, мајка му заминала во Похјола, барајќи од Лоухи да ѝ каже каде е нејзиниот син. Потоа, таа го барала Ахти насекаде, но без успех, а кога дознала од Сонцето што му се случило на Ахти, мајка му го замолила ковачот Илмаринен да ѝ изработи големо гребло. Сонцето повторно ѝ помогнало, заспивајќи ги чуварите на светата река, па мајката ги извлекла деловите од телото на Ахти. Таа ја замолила пчелата да донесе мед и лековити масла за да го оживее синот. Во два наврати, пчелата ги донела лековите, но тие немале никакво дејство, па мајката ја замолила пчелата да летне до деветтото небо, т.е. во божјиот дом и да донесе од неговиот волшебен мед. Најпосле, пчелата ги донела лековитите состојки со кои мајката го намачкала телото на Ахти. Така, тој оживеал и двајцата се вратиле дома.Kalevala. Beograd: Rad, 1964, стр. 60-91. 16-19: Вејнемејнен правел чамец, а во работата му помагал Сампса (Пелервојнен) чија задача била да обезбеди соодветно дрво. Тој најпрвин отишол кај јасиката и кај борот, но тие го одвратиле, така што најпосле го пресекол дабот. Вејнемејнен го направил чамецот со помош на своите волшебни песни, но му недостигале штре три збора за да го доврши. Тој ги барал потребните зборови насекаде, убивајќи многу птици и животни, но без успех, па решил зборовите да ги побара во реката Туонела. Преку реката го префрлила ќерката на господарите на подземниот свет, но господарката го заспала, со намера да го задржи засекогаш во подземниот свет. Сепак, Вејнемејнен го променил обликот и успеал да излезе. Некој старец му кажал на Вејнемејнен дека волшебните зборови може да ги најде кај џинот Антеро Випунен. Бидејќи патот до него бил обложен со игли, мечеви и секири, Вејнејемнен побарал од Илмаринен да му направил железни обувки и облека. Кога пристигнал кај Антеро, Вејнемејнен му влегол во устата, а потоа во утробата му направил ковачница и така го вознемирил џинот, кој бил принуден да му ги каже волшебните зборови, а потоа му дозволил да излезе од устата. Така, Вејнемејнен успеал да го доврши чамецот. Вејнемејнен заминал за Похјола за да си најде невеста, но го здогледала Аники, сестрата на ковачот Илмаринен и веднаш го предупредила за намерата на Вејнемејнен. Така, и Илмаринен тргнал на пат за Похјола. Вејнемејнен пристигнал прв, а Лоухи настојувала да ја убеди својата ќерка да се омажи за него, зашто тој носел големо богатство со себе. Меѓутоа, таа не сакала да се омажи за Вејнемејнен. Тогаш пристигнал Илмаринен кому Лоухи му поставила три задачи: да го преора змиското поле, да ги фати мечката и волкот од подземниот свет и да ја улови штуката од подземната река. Следејќи ги советите на девојката, Илмаринен ги извршил доделените задачи и така ја добил согласноста да се ожени со девојката, а Вејнемејнен се вратил дома разочаран.Kalevala. Beograd: Rad, 1964, стр. 92-121.