Чукците се микронезиски народ кој е староседелски народ во сојузната држава Чук во СД Микронезија. Чукците се најголем народ во СД Микронезија, каде сочинуваат околу 49% од населението Мајчин јазик на Чукците е чучкиот.
Јазик
Мајчин јазик на Чукците е чучкиот јазик. Јазикот е дел од подгрупата на тручки јазици, од групата на микронезиски јазици од семејството на австронезиски јазици. Јазикот е сроден со понпејскиот јазик. Јазикот се пишува на латиница.
Демографија Според пописот од 2010 година, се покажало дека Чукците се најбрзо растечката етничка група во Тихиот Океан за декадата 2000-ти во САД. Во 2000 имало околу 700, а кон крајот на 2010 година имало над 4.000 Чукци.
Религија Огромен дел од Чукците се Христијани. Сепак, помеѓу Чукците останале одредени верувања и обичаи од традиционалните вери.
Општествени активности Чукците се одлични рибари. Во современиот период рибарството е главен извор на приход кај Чукците, и во оваа активност се ангажирани и мажи и жени. Традиционалните Чукци граделе куќи користејќи палми.
Наводи
Категорија:Чукци Категорија:Народи во Океанија Категорија:Микронезиски народи