Соботско Езеро () – вештачко езеро во Австрија створено во 1990 година кога била изградена браната на потокот Бистрица () за снабдување на хидроелектраната Голица. Вештачкото езеро се наоѓа во планинското подрачје Голица, во близина на селото Собот, крај патот кој ги поврзува Лаваминд и Грац, близу Соботскиот Превој покрај cловенечко-австриската граница. Се наоѓа на надморска висина од 1080 м.

Езерото е долго околу 2 км и широко до 500 м, има површина од 0,8 км2 и длабочина до 80 м. Во лето езерото е популарно место за капење заради својата почиста вода, поладна клима заради висината и природното опкружување кое се состои од брда прекриени со смреки.

Електрана Голица Електрана ХЕ Голица била изградена меѓу 1987 и 1991 година како хидроелектрана. Меѓу 2009 и 2011 година, била проширена во пумпна хидроелектрана. Електрана од 50 мегавати се наоѓа на бреговите на реката Драва, кај Лаваминд, на надморска висина од 339 метра. Водата од акумулационото езеро се префрла до електраната низ цевки под висок притисок во должина од 5 км. Висинската разлика на цевководот е 735,5 м.

Наводи

Категорија:Езера во Австрија