мини|десно|260п|Писмо на бигорското братство до Зографскиот манастир од 1834 г. потпишано од Арсениј Бигорски. мини|лево|180п|Ферман до Реканската Каза од 1838 г. со кој на Бигорскиот манастир му е дадено правото да ги бие камбаните.

Арсениј Бигорски (род. Димевски; ок. - ) — истакнат македонски духовник и преродбеник од почетокот на XIX век, архимандрит, игумен на Бигорскиот манастир „Св. Јован Претеча“. Под неговото водство манастирот достигнал завиден расцут.

Животопис Арсениј е роден кон крајот на XVIII век во Галичник, во семејството Димевци. Учел во ќелијното училиште на Бигорскиот манастир, тогаш предводен од игуменот Митрофан Бигорски. Во 1807 г. е назначен за игумен на манастирот.

Под неговата управа, манастирот се претворил во духовен центар на христијанските села од Мијачијата и стожер на сиот општествен живот. Во седмата година од неговата управа, во 1814 г. Арсениј ја започнал изградбата на конакот од североисточната страна, познат како Горни Палат. Во овој комплекс се наоѓаат монашките ќелии и игуменската одаја. На 12 април 1820 г. почнала да се гради манастирската трпезарија, сочинета од приземје и два ката. Трапезаријата е целосно насликана.

Арсениј порачал од Елбасан балдахин за олтарот на католиконот (главната црква), а во 1834 г. платил за резбите за иконостасот — дело на прочуената тајфа на Петре Филиповски - Гарката, едно најубавите примери на македонското копаничарство, работено од 1830 до 1835 г. Порачал и свеќници за црквата од Зографскиот манастир. Уредил и султански ферман за Реканската Каза, со кој им се забранува на месните власти да го попречуваат биењето на камбаните.

Во 1833 г. по порачка на Арсениј е изработен и големиот кивор на манастирот — една од неговите светињи. Киворот претставува заедничка работа на зограф, копаничар и златар. На надворешноста на капакот, на медалјон од ковано сребро е претставено Распетието со Богородица и Свети Јован Крстител. Од внатре тој е насликан од зографите Михаил и Даниил со ликовите на светците чии мошти се вградени во киворот. Истите светци се претставени и во сребрена гравура внатре во самиот кивор.

Истата година Арсениј купил маслинови насади во Елбасан, куќа во Гостивар, вложил во манастирскиот метох во Рајчица со купување на лозје, градини, изградба на чешми и поправка на дворот. На манастирскиот имот во 1835 г. е изграден храмот „Св. Ѓорѓи Победоносец“, направена е маѓерница (кујна) и конакот е обновен од темел. Набавил чифлик во селото Небрегово, Прилепско, како и црковни предмети и недвижен имот во Требиште. Направил особени напори за збогатување на манастирската библиотека.

Во 1837 година, тој почнал да негува врски со Кнежевството Србија, добивајќи од кнезот Милош Обреновиќ пари и камбана. Подоцна манастиро се здобил со втора камбана.

Умрел на 27 јуни 1839 година.

Наводи

Надворешни врски Благиот и благодатен монашки лик на славниот Бигорски игумен – ктитор, архимандрит Арсениј. Бигорски манастир, 27 јуни 2014 Одбележан јубилејот за архимандрит Арсениј Бигорски († 1839). Бигорски манастир, 27 јуни 2014 Пронајдено историско писмо на славниот бигорски игумен, Архимандрит Арсениј . Религија.мк, 21 декември 2017

Категорија:Игумени на Бигорскиот манастир Категорија:Македонски монаси Категорија:Македонски преродбеници Категорија:Луѓе од Галичник