Босанската војна (босанско-хрватски-српски јазици: Rat u Bosni i Hercegovini / Рат у Босни и Херцеговини) — меѓународен вооружен конфликт што се случил во Босна и Херцеговина помеѓу 1992 и 1995 година. Оваа војна е позната уште и како Граѓанска војна во Босна и Херцеговина, Одбранбено-татковинска војна (за Србите во Република Српска), Агресија во Босна и Херцеговина (за Бошњаците во Босна и Херцеговина), Домовинска војна (за Хрватите од Босна и Херцеговина).

По голем број насилни инциденти на почетокот на 1992 година, војната се смета дека започнала на 6 април 1992 година. Војната завршила на 14 декември 1995 година. Главните воинствени страни биле силите на Република Босна и Херцеговина и оние на самопрогласените ентитети на босанските Срби и босанските Хрвати во рамките на Босна и Херцеговина, Република Српска и Херцег-Босна, кои биле снабдувани и поддржувани соодветно од Србија и Хрватска.

Војната е дел од распадот на Југославија. После словенечкото и хрватското отцепување од Социјалистичка Федеративна Република Југославија во 1991 година, мултиетничката Социјалистичка Република Босна и Херцеговина, во која живееле главно муслимански Бошњаци (44%), како и православни Срби (32,5%) и католички Хрвати (17%), поминале референдум за независност на 29 февруари 1992 година. Ова го отфрлиле политичките претставници на босанските Срби, кои го бојкотирале референдумот. По прогласувањето на независност на Босна и Херцеговина (која се стекнала со меѓународно признание) и по повлекувањето на Алија Изетбеговиќ од претходно потпишаниот план на Кутилеиро (кој предложил поделба на Босна во етнички кантони), босанските Срби, предводени од Радован Караџиќ и поддржани од српската влада на Слободан Милошевиќ и Југословенската народна армија (ЈНА) ги мобилизирале своите сили во Босна и Херцеговина за да обезбедат територија на етничките Срби, и тогаш војната наскоро се проширила низ целата земја, придружена со етничко чистење.

Конфликтот првично бил помеѓу единиците на Југословенската армија во Босна, кои подоцна се претвориле во Армија на Република Српска (ВРС) од една страна, и Армијата на Република Босна и Херцеговина (АРБиХ), која во најголем дел била составена од Бошњаци, и хрватските сили предводени Хрватскиот совет за одбрана (ХВО) од другата страна. Тензиите меѓу Хрватите и Бошњаците се зголемиле во текот на крајот на 1992 година, што резултирало со Хрвато-Бошњачка војна, што ескалирала на почетокот на 1993 година. Босанската војна се одликува со жестоки борби, недискриминирачко гранатирање на градовите и населените места, етничко чистење и систематско масовно силување, главно извршени од српски, и во помала мерка, и од хрватскиForsythe 2009, p. 145 и бошњачки сили. Настаните како што се Опсадата на Сараево и масакрот во Сребреница, подоцна станале иконични за конфликтот.

Србите, иако првично воено супериорни главно поради оружјето и ресурсите што ги обезбедувала ЈНА, на крајот изгубиле динамика бидејќи Бошњаците и Хрватите станале сојузници против Република Српска во 1994 година преку создавање на Федерацијата на Босна и Херцеговина по договорот од Вашингтон. Пакистан ја одбегнал забраната на ООН за снабдување оружје и воздушни ракети на босанските муслимани, додека по масакрите во Сребреница и Маркале, НАТО интервенирал во 1995 година со операцијата „Намерна сила“ насочена кон позициите на Армијата на Република Српска, што се покажало како клучно за завршвањето на војната.  Војната завршила по потпишувањето на Генералниот рамковен договор за мир во Босна и Херцеговина во Париз на 14 декември 1995 година. Мировните преговори се одржале во Дејтон, Охајо и биле финализирани на 21 ноември 1995 година.

До почетокот на 2008 година, Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија осудил 45 Срби, 12 Хрвати и 4 Бошњаци за воени злосторства во врска со војната во Босна."Karadzic Sent to Hague for Trial Despite Violent Protest by Loyalists", The New York Times, 30 July 2008. Најновите проценки сугерираат дека околу 100.000 луѓе загинале за време на војната. Во текот навојната, 2,2 милиони луѓе биле раселени, правејќи го нанајголемиот катастрофален конфликт во Европа по крајот на Втората светска војна. Покрај тоа, околу 12.000-20.000 жени биле силувани, повеќето Бошњаци.

Хронологија

Дебата се води за датумот на започнување на војната во Босна. Судирите меѓу босанските муслимани, Србите и Хрватите започнале кон крајот на февруари 1992 година и „целосни непријателства избија до 6 април“, истиот ден кога САД и Европската економска заедница (ЕЕЗ) ја признаle Босна и Херцеговина. Миша Глени го дал датумот 22 март, Том Галагер 2 април, додека Мери Калдор и Лора Силбер и Алан Литл 6 април. Филип Хамонд тврди дека најчестиот став е дека војната започнала на 6 април 1992 година.

Србите го сметаат таткото на младоженецот на Свадбеното пукање во Сараево, кој бил убиен на вториот ден од референдумот за независност на Босна, на 1 март 1992 година, за првата жртва на војната. Убиствата во Сијековац на Србите се случиле на 26 март и масакрот во Бијелина (претежно Бошњаци) на 1-2 април. На 5 април, кога огромна толпа се приближила до барикадата, демонстрант бил убиен од страна на српските сили.

Војната завршила со Генералниот рамковен договор за мир во Босна и Херцеговина, преговаран во воздухопловната база Рајт-Патерсон во Дејтон, Охајо помеѓу 1 и 21 ноември 1995 година и потпишан во Париз на 14 декември 1995 година.

Заднина Распад на Југославија

Војната во Босна и Херцеговина се случила како резултат на распадот на Социјалистичката Федеративна Република Југославија. Во Југославија се појавила криза како резултат на слабеењето на конфедерацискиот систем на крајот на Студената војна. Во Југославија, националната комунистичка партија, Сојуз на комунистите на Југославија, ја изгубил својата идеолошка моќ. Во меѓувреме, етничкиот национализам доживеал ренесанса во осумдесеттите години на минатиот век, откако избувнало насилството во Косово. Додека целта на српските националисти била централизирање на Југославија, другите националности во Југославија се стремиле кон федерализација и децентрализација на државата.

Босна и Херцеговина, поранешна отоманска покраина, историски е мултиетничка држава. Според пописот од 1991 година, 44% од населението се сметало себеси за муслимани (Бошњаци), 32,5% Срби и 17% Хрвати, а 6% се определиле како Југословени.

Во март 1989 година, кризата во Југославија се продлабочила по усвојувањето на измените и дополнувањата на српскиот устав, со кои Владата на Србија овозможила да доминира во провинциите Косово и Војводина. Дотогаш, одлучувањето за Косово и Војводина било независно и двете автономни провинции исто така имале гласање на југословенско федерално ниво. Србија, под новоизбраниот претседател Слободан Милошевиќ, на тој начин се здобила со контрола над три од осумте гласови во Југословенското претседателство. Со тоа, со дополнителни гласови од Црна Гора, Србија можела силно да влијае на одлуките на сојузната влада. Оваа состојба довела до приговори од другите републики кои повикале на реформа на југословенската федерација.

На 14-от вонреден Конгрес на Сојузот на Комунистите на Југославија, на 20 јануари 1990 година, делегациите на републиките не можеле да се договорат за главните прашања со кои се соочила Југословенската Федерација. Како резултат, словенечките и хрватските делегати го напуштиле Конгресот. Словенечката делегација, предводена од Милан Кучан, побарал демократски промени и полабава федерација, додека српската делегација, предводена од Милошевиќ, се спротивставила на тоа.

На првите повеќепартиски избори во Босна и Херцеговина, во ноември 1990 година, гласовите биле доделени главно според етничката припадност, што довело до успех на Бошњачката партија за демократска акција (СДА), Српската демократска партија (СДС) и Хрватската Демократска унија (ХДЗ БиХ).

Партиите ја поделиле власта по етнички линии, така што Претседателот на Претседателството на Социјалистичка Република Босна и Херцеговина бил Босанец, претседателот на Собранието бил Србин, а премиерот Хрват. Сепаратистичките националистички партии добиле моќ и во другите републики, вклучително и во Хрватска и Словенија.

Почеток на Југословенските војни

Бројни состаноци се одржале во почетокот на 1991 година помеѓу водачите на шестте југословенски републики и двата автономни региони за да разговараат за тековната криза во Југославија. Српското раководство се залагало за федерално решение, додека хрватското и словенечкото раководство фаворизирале сојуз на суверените држави. Босанскиот водач Алија Изетбеговиќ предложил асиметрична федерација во февруари, каде Словенија и Хрватска ќе одржат лабави врски со 4-те преостанати републики. Набргу после тоа, тој ја сменил својата позиција и се определил за суверена Босна, како предуслов за таква федерација.

На 25 март, Фрањо Туѓман и српскиот претседател Слободан Милошевиќ одржале состанок во Караѓорѓево. Средбата станала контроверзна во подоцнежните месеци, поради тврдењата на некои југословенски политичари дека двајцата претседатели се согласиле за поделба на Босна и Херцеговина.

На 6 јуни, Изетбеговиќ и македонскиот претседател Киро Глигоров предложиле слаба конфедерација помеѓу Хрватска, Словенија и федерацијата на другите четири републики, што било одбиено од Милошевиќ.

На 25 јуни 1991 година, и Словенија и Хрватска прогласиле независност, што довело до краток вооружен конфликт во Словенија наречена Десетдневна војна и ескалација на Хрватската војна за независност во области со значително етничко српско население. Во втората половина на 1991 година, војната се засилила во Хрватска. Југословенската народна армија (ЈНА) исто така ја нападнала Хрватска од страна на Босна и Херцеговина.

Во јули 1991 година, претставници на Српската демократска партија (СДС), вклучително и претседателот на СДС, Радован Караџиќ, и Мухамед Филиповиќ и Адил Зулфиќарпашиќ од Муслиманската Бошњачка Организација (МБО), подготвиле договор познат како Договор Зулфиќарпашиќ-Караџиќ, кој ќе ја пушти СР Босна и Херцеговина во државна унија со СР Србија и СР Црна Гора. Договорот бил осуден од страна на хрватските политички партии. Иако првично ја поздравил иницијативата, Изетбеговиќ подоцна го отфрлил договорот.

Помеѓу септември и ноември 1991 година, СДС организирал создавање на шест „Српски автономни региони“ (ДЗР). Ова бил одговор на чекорите на Бошњаците кон отцепување од Југославија. Слични чекори биле преземени и од страна на Босанските Хрвати.

Во август 1991 година, Европската економска заедница била домаќин на конференција во обид да ја спречи Босна и Херцеговина да влезе во војна.

На 25 септември 1991 година, Советот за безбедност на Обединетите нации донел Резолуција 713, наметнувајќи ембарго за оружје на сите поранешни југословенски територии. Ембаргото имало мал ефект врз силите на ЈНА и Србите. Во тоа време, хрватските сили заплениле големи количини оружје од ЈНА за време на Битката за касарните. Ембаргото имало значително влијание во Босна и Херцеговина на почетокот на Босанската војна. Српските сили ги наследиле вооружувањето и опремата на ЈНА, додека хрватските и бошњачките сили добиле оружје преку Хрватска, прекршувајќи го ембаргото.

На 19 септември 1991 година, ЈНА префрлила дополнителни трупи во областа околу градот Мостар, за што било јавно протестирано од локалната власт. На 20.09.1991 година, ЈНА пренела трупи кон фронтот кај Вуковар преку регионот Вишеград во североисточна Босна. Како одговор, локалните Хрвати и Бошњаци поставиле барикади и митралезни пунктови. Тие запреле колона од 60 тенкови на ЈНА, но биле растурени со сила следниот ден. Повеќе од 1.000 луѓе морале да ја напуштат областа. Оваа акција, скоро седум месеци пред почетокот на војната во Босна, ги предизвикала првите жртви на Југословенските војни во Босна. Во првите денови од октомври, ЈНА го нападнала и го срушила до темел хрватското село Равно во источна Херцеговина, на пат да го нападне Дубровник во јужна Хрватска.