Тау Лебед (τ Лебед, τ Cygni, τ Cyg) — двојна ѕвезда во соѕвездието Лебед, оддалечена околу 69 светлосни години од Земјата. Претставува оптичка двојка со период од 49,6 години.

Главната ѕвезда GJ 822.1 A а жолтеникаво-бел подџин со величина 4 и спектрален тип F2IV. Има површинска температура од 6.000 до 7,500 келвини и со тоа е поголема, поврела и неколкукратно посјајна од Сонцето. Нејзината придрижничка GJ 822.1 B е жолта ѕвезда од главната низа со величина од 6 и спектрален тип G0V. Слична е на Сонцето по својата големина, површинска температура и сјајност.

Ѕвездата тау Лебед спаѓа во класата на променливи ѕвезди од типот на δ Штит. Величинскиот опсег изнесува од 3,65 до 3,75, кој е здружен од двете составници, иако променливата составница е A.

Наводи

Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Двојни ѕвезди Категорија:Бајерови објекти Категорија:Променливи ѕвезди од типот на Делта Штит Категорија:Жолтобели подџинови Категорија:Жолти џуџиња Категорија:Флемстидови објекти Категорија:HIP-објекти Категорија:HD-објекти Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:HR-објекти