Тврдиот знак, голем ер или Ъ (кирилица: ; глаголица: 10px) — буква во кирилицата, 27. во бугарскaтa и 28. во рускaтa азбука. Позната е уште како ер голям на бугарски или твёрдый знак на руски.
Во бугарскиот јазик го означува звукот /ɤ/ и понекогаш звукот /ə/. Во рускиот јазик не го означува звукот, тврдиот знак се ставa помеѓу согласката и јотованата самогласка (я,ю,е,ё) и означува дека претходната согласка не е палатализирана. На пример: Адъютант (Аѓутант), Съезд (Сјезд).
Пред реформите во рускиот јазик во 1918, и во бугарскиот во 1946, тврдиот знак се додавал на крајот на зборот, доколку завршувал со согласка. На пример: свѣтъ, Бѣлградъ, миръ итн.
Категорија:Бугарска азбука Категорија:Руска азбука